ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во Филхармонија концерт на пијанистката Дуња Иванова

September 13, 2023 08:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Камерната сала на Филхармонија, пијанистката Дуња Иванова вечер ќе одржи солистички концерт посветен на музиката на современата и прогресивна полска композиторка Ханиа Рани. Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура.

Ханиа Рани е пијанистка, композиторка и пејачка. Родена е во Гданск, Полска.  Студиите по музика ги стекнува на Универзитетот „Фредерик Шопен” во Варшава. Автор е на албумите „Есја”, „Дома”, „Музика за филм и театар” и „Внатрешни симфонии” во издание на ,,Гондвана рекордс” и „Дојче грамофон”. Нејзините дела претставуваат фузија на минимализам, експериментирање и импровизација во неокласичен манир. Соработува со Викингур Олафсон, Хугар, Портико квартет, Игор Хербут, Мела Котелук. Kонцертира на сцените во Европа, Северна Америка, Австралија и Јапонија. За себе ќе рече: ,,Мислам дека сум истата и како уметник и како човек. Музиката е мојот начин на комуникација зашто таа е нешто целовито, без граници, без поделби.”

Дуња Иванова магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Тирана (Албанија), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); Подгорица (Црна Гора), на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots во Прилеп, настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија и Македонската филхармонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Тери Рајли, Стив Рајх, Микаел Сапин, Давид Федел, Бјанка Бан, Јан Тирсен, Макс Рихтер. Автор е на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010), „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012), ,,Контекстот како предуслов за музичко доживување“ (2018).

Поврзано:

Интервју со Дуња Иванова: Музиката е светот во кој припаѓам, но пишувањето и спортот ја обликуваат мојата стварност

Tags: Дуња ИвановаКонцерт
Next Post

Рот со шест предлози за реформирање на процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, за Северна Македонија уставните измени неизбежен услов

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk