ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски и Гранде-Марласка Гомез: Северна Македонија е подготвена да биде домаќин на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан

September 14, 2023 19:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На маргините на денешната Конференција во рамки на Берлински процес која се одржува во Тирана, Република Албанија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Кралството Шпанија, Фернандо Гранде-Марласка Гомез.

На средбата беа потврдени традиционално добрите пријателски односи, а фокусот на разговорите беше ставен на организирањето на претстојниот Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан кој во октомври се одржува во Скопје.

-Во оваа прилика би сакал да ја изразам подготвеноста на Република Северна Македонија по третпат да биде домаќин на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, којшто годинава се  одржува на 26-27 октомври, во Скопје во согласност со програмата и приоритетите на ротирачкото Претседателство на Кралството Шпанија со Советот на ЕУ, истакна министерот Спасовски.

Тој додаде дека  со овој настан организиран на високо ниво ќе се реафирмира заедничката посветеност на европските перспективи на целиот регион на Западен Балкан, како и тоа дека форумот претставува одлична можност за креирање долгорочни партнерства, за зајакнување на регионалната соработка кон ефикасно справување со предизвиците и во постигнувањето на европските стандарди, се до полноправо членство во ЕУ.

Спасовски го информираше колегата Гранде-Марласка Гомез дека во јули во рамки на МВР формиран е Тим за организација со цел успешно реализирање на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан.

-Тимот во МВР ќе делува како тело што ќе одлучува за сите аспекти на организација на настанот и преку претставници на надлежните организациони единици ќе дава задолженија за секој од нив зависно од делокругот на работа и надлежноста, рече Спасовски.

Тој во оваа прилика, иницираше отпочнување на процедура за потпишување на билатерален договор за полициска соработка, предлог кој беше прифатен од страна на министерот Гранде-Марласка Гомез.

На крајот од средбата, двајцата министри ја потврдија заложбата за соработка, а министерот Спасовски се заблагодари за поддршката за зајакнување на земјите од Западен Балкан, во смисла на политичка, економска и социјална интеграција на регионот, со уверување дека Република Северна Македонија стои на располагање на шпанското Претседателство со Советот на ЕУ за сите активности во наредниот период.

Притоа, Спасовски упати покана до шпанскиот колега Гранде-Марласка Гомез за посета на Северна Македонија, која со задоволство беше прифатена. 

Tags: Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен БалканОливер СпасовскиФернандо Гранде-Марласка Гомез
Next Post

Како средношколскиот прирачник за хетеросексуалност стана прирачник за дезинформации?

Најново

Македонскиот павилјон се отвора в петок во Венеција, доделувањето на „Златен лав“ одложено поради оставка на жирито

May 6, 2026

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk