ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Арачиновецот“ и обидот за убиство во Т.Ц. Бисер – кој сè освен насилникот заслужува јавна осуда?

September 18, 2023 14:20
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Прво, за најостра осуда е обидот за убиство од жител на Арачиново врз негови двајца сограѓани кај ТЦ. Бисер. Но, тоа не значи дека сите арачиновци се исти, или дека сите Албанци се насилници и убијци!

Второ, за најостра осуда е начинот на кој за овој настан извести Канал 5 на Фејсбук (но не само оваа телевизија туку и други медиуми). “Повторно „албанофобија“ од страна на ОЈО? Им ветија на арачиновци школо за пилоти, па сега ОЈО се чуди зошто возат брзо…“ – пишуваше во постот на Канал 5, кој по реакциите беше избришан од Фејсбук страницата

Вакви формулации можат да бидат сè, само не етичко и професионално новинарство! А токму на таа телевизија, пред некој ден, бев прашан зошто национализмот во земјава ни се повторува.

Трето, за осуда се и новинари и јавни личности кои ги критикуваат Канал 5 за оваа објава на Фејсбук, а во коментарите на нивните постови дозволуваат секакви гадости на адреса на оваа телевизија, но и на Македонците воопшто.

Интересно, речиси и немаше наслов во македонските медиуми во кој беше напишано дека арачиновецот е уапсен и дека за овој грозен акт добил притвор, и дека за такво дело се лежат повеќе години затвор.

Така можеби и би се обесхрабриле ваквите насилници да мислат дека може да прават што сакаат без да бидат казнети најстрого. Ама, така нема да има толку кликови и читаност на содржината, а и наапани коментари кои ќе го „бустаат алгоритамот“.

Еве ви дел од одговорот зошто етно-национализмот во земјава ни се повторува, а насилството се охрабрува и станува секојдневие и „најлесен начин“ за решавање на „проблемите“.

Секако дека највиновни за тоа се политичарите, но виновни се и дел од медиумите, а и новинарите кои дозволуваат простор за омразата, и ги злоупотребуваат ваквите настани за лична придобивка и промоција!

Извор: ИМА


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

„Европскиот фронт“ отворен за сите прозападни и проамерикански сили!

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk