„Царинската управа се подготвува за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово на граничниот премин Блаце, што ќе овозможи побрз проток на стоки и луѓе, како дел од активностите што се спроведуваат за забрзување и олеснување на трговијата. Со тоа се зајакнува конкурентноста на македонските компании на меѓународниот пазар и се овозможува поддршка на легалната трговија од една и се подобруваат условите за ефикасно спречување на нелегални активности на граница од друга страна“, објави директорот на Царинската управа Стефан Богоев..
Тој нагласува дека граничниот премин Блаце е втор позначаен граничен премин на нашата северна граница, кој овозможува влез кон Косово, и движења кон Србија, Црна Гора и потоа кон Јадранското море.
„Со неговата модернизација придонесуваме за забрзување на трговијата и транспортот и подобрување на перформансите на македонската економија“, вели Богоев.