ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комисија за европски прашања: Данска поддршка за нашите евроинтегративни процеси

September 19, 2023 13:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Собрание на РСМ

Фото: Собрание на РСМ

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска имаа средба со данската парламентарна делегација на Комисијата за европски прашања, во рамките на нивната работната посета на нашата земја.

Воведно обраќање на средбата имаше заменик претседателката на Комисијата, Арта Билали Зендели, која истакна дека со Кралството Данска имаме добри пријателски односи, на сите полиња, при што се заблагодари на данската поддршка на процесот на проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, а во тој контекст и на нашата земја.

Потсетувајќи дека Данскиот парламент беше прв, кој го ратификуваше нашиот Договор за стабилизација и асоцијација, како и Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, таа изрази надеж дека Данска и понатаму ќе ја поддржува нашата земја на патот кон ЕУ.

Во тој контекст,  Билали Зендели истакна дека како земја кандидат за ЕУ членство, сме обврзани да ги почитуваме насоките во нашата Преговарачка рамка за ЕУ членство, во кои меѓу другото,треба да ги внесеме и Бугарите во нашиот Устав. Притоа информира дека уставните измени се во собраниска процедура и дека очекува тие да се усвојат што поскоро со цел да се оддржи Меѓувладината конференција за време на шпанско претседателство, односно до крајот на годината, со цел земјата да добие позитивен импулс и ентузијазам за реализација на потребните реформи.

Претседателот на Комисијата за европски прашања  Нилс Флеминг Хансен, ја повтори данската поддршката за евроинтегративните процеси на нашата земја и дека ја разбира нашата загриженост дали повторно нема да има блокади на нашиот евроинтегративен пат.

Како што е наведено во соопштението од собраниската прес-служба, Хансен истакнал дека Северна Македонија мора да ја испочитува обврската од Преговарачката рамка и да ги изгласа уставните измени, но истовремено и да работи на имплементацијата законите и прописите кои ги бара ЕУ од нас во повеќе области.

Tags: ДанскаКомисијаСобрание
Next Post

Во Србија поради Ковид задолжително носење маски во сите здравствени установи

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk