ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска од Рамштајн: Заедно со сојузниците остануваме солидарни со Украина која ја брани својата сувереност

September 19, 2023 15:41
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска учествуваше на состанокот на Контакт-групата за Украина кој под водство на секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин се одржа во Рамштајн, Германија, информираат од Министерството за Одбрана.

На состанокот на кој учествуваа над 35 министри за одбрана и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји, министерката Петровска порача дека Северна Македонија е одлучна во својата поддршка за Украина и украинските граѓани кои се борат за својата сувереност и независност.

„Северна Македонија е солидарна со Украина и нејзините граѓани. Министерството за одбрана продолжува да ја дава својата поддршка во согласност со одлуките на Владата и барањата од украинската страна. Во финална фаза се подготовките за реализацијата на обуката за украинските вооружени сили и сакам да нагласам дека разгледуваме дополнителни можности за обука во нашата земја во блиска иднина“, рече министерката.

Убедени сме дека нема алтернатива за континуираната поддршка за Украина, рече Петровска, и додаде дека почитувањето на принципите на меѓународниот правен поредок е императив, особено кога Европа е соочена со безбедносни закани. Само преку заеднички напори и одлучност за почитување на овие принципи можеме да имаме долготраен мир и стабилност, заклучи министерката.

Состанокот на украинската Контакт-група го отворија секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров и државната секретарка во германското министерство за одбрана, Зимтје Молер.

Контакт-групата ја сочинуваат над 50 земји кои под водство на Соединетите Американски Држави ги координираат своите напори за помош и поддршка на Украина.

Поврзано:

Остин: Житото уништено од Русија би било доволно да се нахранат повеќе од 10 милиони луѓе за една година

Tags: Контакт-групата за УкраинаРамштајнСлавјанка Петровска
Next Post

Руската пропаганда со лажна фотографија од Борис Џонсон и професорите од националниот универзитет во Лиов со „нацистички поздрав“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk