ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Ковачевски – Шолц во Њујорк: Евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива

September 19, 2023 09:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на Република Северна Македонија

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски имаше куса средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, во рамки на настанот за одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк, соопшти прес-службата на Владата.

Како што е наведено во соопштението, Ковачевски му го честиташе на канцеларот Шолц јубилејното членство на Германија во ОН и големиот придонес што го дава Сојузна Република Германија во стабилноста и безбедноста на нашиот регион, Европа и светот.

Премиерот се заблагодари на канцеларот за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години, што ја истакнува Германија како еднен од најблиските европски партнери на нашата земја. На средбата е нагласено дека Германија ја очекува Северна Македонија во Европската Унија посочувајќи на фактот дека евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива за земјата. Државничката одлука која треба да се донесе во периодот што претстои, е единствена шанса да се осигури квалитет на живот на македонските граѓани според европските стандарди и постигнување членство во ЕУ до 2030 година. Во спротивно, како што е оценето, македонските граѓани и државата е извесно дека ќе соочат со изолација на долг рок, што не од интерес ниту на Северна Македонија, ниту на регионот и Европа, информира владината прес-служба.

Премиерот Ковачевски, се додава во соопштението, му се заблагодари на канцеларот Шолц за огромната поддршка која ја добиваме од Германија во демократскиот, евроинтеграцискиот и економскиот развој на нашата земја.

Истата е јасно пресликана и во усвоената резолуција од страна на германскиот Бундестаг со која се потврдува нашата заложба за забрзана евроинтеграција со потврдени и признати македонски јазик, култура и идентитет. „Ова е потврда за искреното разбирање што го има нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за потребите и националните и стратешки интереси на македонските граѓани“, рече премиерот Ковачевски на средбата со канцеларот Шолц, наведува Владата во соопштение. 

Tags: КовачевскиЊујоркОНШолц
Next Post

ЕУ: Европските патишта на Приштина и Белград зависат од напредокот во дијалогот

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk