ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ издвојува 140 милиони евра за поддршка на авганистанскиот народ

September 20, 2023 14:24
in ДЕНЕС, СВЕТ

Европската Унија реши да ослободи 140 милиони евра помош за задоволување на основните егзистенцијални потреби на Авганистанците во областа на образованието, здравството и земјоделството и за економско зајакнување на жените во Авганистан.

Одлуката за ослободување на средствата, замрзнати во декември 2022 година како реакција на одлуката на талибанските власти да им забрани на авганистанските жени да работат во невладини организации, доаѓа по шестмесечна анализа за утврдување на начините што ќе гарантираат дека помошта ќе стигне до оние на кои им е наменета.

Еврокомесарката за меѓународни партнерства, Јута Урпилаинен, која се наоѓа во Њујорк како дел од делегацијата на ЕУ што учествува во работата на Генералното собрание на ОН, изјави дека во последните шест месеци меѓународната заедница нашла начин како да ја достави „очајно потребната поддршка за жените, девојките и другите ранливи групи“.

– Беше тешко да се најде начин во се потешката ситуација во Авганистан. Сепак, овој начин нуди решенија за помош за егзистенција за милиони лица, а притоа де факто не ја признава власта на Талибанците, рече Урпилаинен.

Според најавата од ЕК, средствата на ЕУ ќе продолжат да се доставуваат преку агенциите на ОН, Светската банка и меѓународните невладини организации кои работат на терен во Авганистан. – Финансиската поддршка има за цел да обезбеди помош за основните потреби на авганистанскиот народ во пресрет на загрижувачките предизвици со кои се соочуваат во земјата, се додава во соопштението.

Tags: АвганистанЕУпомош
Next Post

Лајчак: Ковачевски лично се вложува за да ѝ помогне на Северна Македонија на патот кон ЕУ

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk