ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нови можности за нашиете ученици, професори и студенти, потпишан нов договор за CEEPUS регионалната програма за академска мобилност со важност до 2032

September 20, 2023 19:21
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за образование од 16 земји во Европа, меѓу кои и Северна Македонија, денеска во Варшава, Полска потпишаа нов договор за продолжувањена CEEPUS – Централно европската програма за размена на универзитетски студии IV, која овозможува мобилност на студенти, професори и научници и стипендирање на нивната доедукација и професионална надградба.

За време на потпишувањето на новиот договор со важност до 2032 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири изрази задоволство што соработката помеѓу досегашните земји учеснички во програмата продолжува, а тоа, како што рече, потврдува дека сме големо и обединето семејство кое функционира успешно, обезбедувајќи нови перспективи на човечкиот капитал како основа на севкупниот напредок на регионот.

„Посакувам бројот на воспоставени релации, на реализирани академски размени да расте. Тоа е суштината на оваа соработка, која добива уште повеќе на значење во време кога образованието и науката со голема брзина се интернационализираат, а заедничките дипломи имаат сè поголема вредност“, рече Шаќири, потсетувајќи дека Северна Македонија веќе 18 години е дел од CEEPUS програмата.

Министерот нагласи дека по враќањето во Скопје, информацијата за новиот договор ќе ја сподели со научниците, истражувачките работници, академските професори и студентите со апел да продолжат да создаваат и користат шанси во рамки на програма. Но, претходно ги повика и научниците, професорите и студентите од другите земји, да ја посетат Северна Македонија, затоа што, како што истакна, иако сме мала земја во развој, има што да научат од нас.

„Имаме образовен систем кој забрзано напредува и наука во која интензивно се вложува. Имаме позитивни практики на кои се гордееме, како на пример темелна реформа во основното и средното образование која во моментов се спроведува, целосна модернизација на лабораториите на научните и високообразовните установи, драстичен пораст на средствата за финансирање на научни проекти од јавен интереси модернизација на лабораториите во рамки на научните и високообразовните установи“ потенцираше Шаќири.

Додаде дека со вкрстувањето на искуствата и идеите, очекува сите земји заедно да изградат подобар регион и место за живеење и работење на граѓаните.

Централноевропската програма за размена на универзитетски студии IV (CEEPUS) ерегионална програма за академска мобилност, во која покрај Северна Македонија, во моментов учествуваат и Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Косово. Започна да се имплементира во 1994 година, а нашата земја се приклучи во 2005 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: CEEPUS регионалната програмаакадемска мобилност

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk