ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

September 25, 2023 09:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Со претставата “Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура во Дебар почна 22. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

Пред многубројната публика се обрати директорот на фестивалот Илбер Нуредини, кој манифестацијата ја прогласи за отворена. Како што рече Нуредини со изборот на претстави и ова издание убеден е дека ќе ја потврди својата успешност.

-Голема благодарност до сите кои веруваа во нас и придонесоа во подготовката, организацијата и одржувањето на фестивалот. Посебна благодарност до Министерството за култура на Република Македонија, Општина Дебар, Центарот за култура и други донатори со чија поддршка фестивалот опстојува. И овој пат, ќе го повторам барањето што со години наназад го поставувам, фестивалот да се институционализира и искрено се надевам дека конечно ќе биде реализирано, зашто Дебар го заслужува тоа, рече Нуредини.

Министерството за култура, годинава одобри 900 илјади денари, додека Општина Дебар, оваа манифестација ја поддржа со 370 илјади денари.

Во следните шест фестивалски вечери ќе се претстават театри и групи од Северна Македонија, Албанија и од Косово, од кои една претстава е вон конкуренција. На последната фестивалска вечер ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.

Утре пред публиката ќе се претстави тетовскиот театар со претставата “Народен непријател” во режија на Арбен Кумбаро.

Tags: Албански театар во МакедонијаДебарфестивал
Next Post

Само Манчестер сити и Интер ги добија сите натпревари во топ 5 лигите

НАЈНОВО

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

САД го повикаа Израел да го спроведе договорот за прекин на огнот откако Либан го направи „првиот чекор“ за разоружување на Хезболах

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk