ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара најстрога казна за убиецот од Кочани

September 27, 2023 11:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Најстрога казна за сторителот на убиството во Кочани, кое се случи пред два дена, кога маж со 40 убоди со нож ја уби својата поранешна партнерка, бара Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Оттаму, потсетуваат и на двојно убиство во Куманово, кога сопруг си ја убил својата сопруга и нејзината мајка, а потоа се самоуби, што заедно со случајот во Кочани, се три фемициди извршени во еден месец, на кои им претходело долгогодишно семејно насилство кое било пријавувано во полиција.

– Бараме да се поведе постапка за испитување на одговорноста на службените лица, во врска со двата случаи, кои не постапиле навремено и чиешто непрофесионално работење доведе до смрт на три жени. По спроведената постапка за утврдување одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани, подвлекуваат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Нивната анализа покажала дека во периодот од 2017 до 2020 година во државата се регистрирани вкупно 22 фемициди.

– Кај повеќето анализирани случаи убиството е извршено од сегашен или поранешен брачен или вонбрачен партнер со кого жртвата живеела во заедница. Во повеќе од 80 отсто од случаите, убиството се случило или во заедничкиот дом или, доколку биле разделени, во домот на жртвата. Алармантен е податокот од истражувањето на ОБСЕ, објавено во 2019, дека жените многу ретко го пријавуваат насилството кое претходи, односно, се пријавени само два процента од насилните инциденти и тоа најчесто се пријавува најсериозниот, информираат од Националната мрежа.

Тие потенцираат дека овие наоди се јасни индикатори за недоверба кон институциите и генерално недоверба во системот на заштита. Според нив, со неказнувањето и/или несоодветното казнување на сторителите на насилство им се праќа порака со која се одобрува нивното насилно однесување и тие се охрабруваат да продолжат да вршат насилство.

– Бараме од Основното јавно обвинителство да го квалификува убиството во Кочани согласно член 123, став 2а „друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство“, и при одредување на висината на казната да ги земе предвид сите околности, односно да не го третира случајот како еднократен инцидент, туку убиство како последица на долгогодишно семејно насилство. Согласно ова, бараме одредување највисока казна за сторителот, потенцираат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Тие бараат и поведување постапка за испитување на одговорноста на службените лица, во врска со двата случаи, кои не постапиле навремено и чиешто непрофесионално работење доведе до смрт на три жени.

– По спроведената постапка за утврдување одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани, велат од мрежата на граѓански организации.

Оттаму, нагласуваат дека само преку воспоставување функционален систем на заштита од насилство врз жени и семејно насилство, почитување на основниот принцип на Истанбулската конвенција – должно внимание во неговата вистинска смисла, и соодветно казнување на сторителите, може да се превенираат идни случаи на родово базирано насилство и фемицид како негова најекстремна форма.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кочанинајстрога казнаНационалната мрежаубиецот

НАЈНОВО

Двајца мртви и 192 повредени во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во ЛШ

June 1, 2025

СДСМ: Дали Драган Казак Петрушев ги заклучил децата во Пулс, а ВМРО-ДПМНЕ го штити?

June 1, 2025
Поранешен претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Пендаровски: Давкова е невидлива и не се прашува за ништо

June 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk