Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Трилингот претседатели на нели најпатриотската партија почнаа да си вртат usb-иња и темата која има два краја, едниот дека или меѓу себе политички се блефираат и надмудруваат или во овие мемориски алатки за секој од нив сепак има по некакви подебели крими пикантерии кои занданските капии ги отвораат од надвор кон внатре и, оттука, поради стравот за сопствената кожа внимаваат клопчето да не им се испушти, да не им се истркала, да не почне да им се одмотува, да си се испоструполат во јамите што еден за друг да си ги копаат и затоа, кажано во оваа една реченица, за генерации гласачи сега уште појасно станува за кого тоа досега сечеа вени, во кого веруваа, за кого џабе се надеваа и, идат нели избори, кому пак славење му подготвуваат па, затоа, ајде ум: нанапред накај ЕУ или наназад во USB крим изолација.