Казнети се и затворени 5 маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово, информираат од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
„Големите ланци на маркети имаа доволно време да ги прилагодат цените во согласност со Одлуките на Владата! Генералната слика е дека повеќето маркети ги усогласија цените, но постојат и такви трговци што сакаат да ги избегнат законските регулативи! За пофалба се маркетите кои самоиницијативно се приклучија кон иницијативата на Владата за намалување на цените. Додека јас сум директор на пазарниот инспекторат нема да дозволам никој да ги доведува во заблуда граѓаните!“ – потенцираше директорот Горан Трајковски
Од ДПИ нагласуваат дека контролите на пазарниот инспекторат ќе бидат со засилен интензитет, а ќе биде проверен секој маркет вклучувајќи ги и руралните области, како и сите трговци на големо, односно добавувачите.
Од инспекторатот Апелираат до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на аграѓаните!
Пријавете неправилност на 02/191!