ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Успехот кој го постигнавме како Армија е со силна поддршка од Националната гарда на Вермонт

September 28, 2023 20:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се обрати на свеченоста во Министерството со која се одбележа триесет годишното партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, при што порача дека ова партнерство не е само потпишан документ, туку подадена рака и постојана поддршка низ 30-те години.

„30 години одбележани со над 350 активности, вежби, обуки, тренинзи низ кои поминале повеќе од 1.800 армиски припадници. Припадниците на македонската Армија ни тогаш, а ниту денес не разочараа и не потфрлија, напротив учеа и учат да се надградуваат, да споделуваат знаења и заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт го градат и чуваат нашето сојузништво“, рече министерката.

Петровска се осврна и на заедничкото учество во наменските сили Феникс во 2010 година, каде за прв пат припадници на Националната гарда беа распоредени во мисија заедно со партнерска нација.

„Тоа е една исклучителна мисија, тешка комплицирана, опасна но сепак успешна – заедничката мисија на македонските и американските војници во Авганистан во 2010 година“, истакна министерката.

Успехот кој го постигнавме со ваша поддршка, порача Петровска, денес го гледаме во успесите на Армијата која е сојузничка армија која вложува во својата сила и интероперабилност, успешно настапувајќи во мисии и вежби со други сојузнички и партнерски армии.

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, кому министерката Петровска му врачи и државно знаме во рамка, порача дека активно учествува во ова партнерство долги години и дека отпорноста и посветеноста на луѓето од Вермонт и од Северна Македонија го направија ова партнерство и пријателство толку успешно.

„Долгогодишните пријателства што ги започнавме ние, постарата генерација, ќе продолжат и со нашите помлади офицери и подофицери додека тие ги развиваат кариерите во нивните соодветни организации. Она што е важно е да го пренесеме нашето знаење и искуство“, рече генералот Најт.

На свеченоста беше прикажано видео со лични сведоштва на неколку припадници на Армијата од заедничкото учество во мисијата Феникс, а на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, Баталјонот за специјални сили, Извидувачко-разузнавачкиот баталјон и Баталјонот на воената полиција, како и на неколку сектори во Министерството за одбрана и вработени во Канцеларијата за одбранбена соработка на САД им беше врачена плакета за нивниот придонес во развојот на партнерството. На свеченоста беше поставена и изложба со фотографии од заедничките активности на двете вооружени сили. Од 1993 година, реализирани се над 350 активности вклучувајќи над 1800 припадници на Армијата.

Tags: Национална гарда на ВермонтСлавјанка Петровска
Next Post

(ВИДЕО) Токаев: Казахстан дефинитивно ќе го почитува режимот на санкции против Русија

НАЈНОВО

Синдикалната минимална кошница за август 65.507 денари

August 20, 2025

Струшките вечери на поезијата – 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијани

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk