ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почнува 15. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

September 28, 2023 09:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Фото: Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Share on FacebookShare on Twitter

Во Крива Паланка од денеска до 7 октомври ќе се одржува Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговоски“, чиј годинашен лауреат е актераката Билјана Драгичевиќ Пројковска.

На јубилејниот фестивал, што традиционално е ревијален и нема натпреварувачки карактер, ќе настапат девет театри: од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од земјава, а Драгичевиќ Пројковска од градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски ќе ја добие наградата за особен придонес во македонскиот театар и култура. Пред почетокот на  свеченоста, ќе биде отворена изложба на театарските плакати од Фестивалот, на авторот Стојанче Величковски.

Првата фестивалска вечер е резервирана за претставата „За нас почнува живот“, работена по текст на Ѓерѓ Шпиро, во режија на Дејан Пројковски, во која играат лауреатката Драгичевиќ Пројковска и актерот Нино Леви. На втората фестивалска вечер ќе биде изведена преставата на Народниот театар „Стерија“ од  Вршац, Србија, „Откачено запросување“ од Зоран Божовиќ во режија на Петар Пјер Рајковиќ со актерите Милош Ѓуровиќ, Јована Андреевиќ-Грујиќ, Соња Радосавњивиќ и Срѓан Радосављевиќ.

На први октомври ќе настапи Уметничката работилница „Призор“  од  Белград, Србија со мјузиклот „Весели девојки“ во режија на Раде Вукотиќ со Маја Брукнер, Светлана Сретеновиќ, Зорана Павиќ, Тијана Дапчевиќ и Ивана Петерс. На втори октомври  Драган Тешиќ  од  Драфт театарот ќе ја изведе монодрамата „Со кого и со што во ЕУ“, а на трети октомври ќе се претстави градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ – Винковци, Хрватска со „Три  и пол сестри“ од Петра Цицвариќ во режија на Пеѓа Гвоздиќ со  Матеа Марушиќ, Мартина Стјепановиќ, Ловорка Трдин и Петра Цицвариќ. Претставата „Ноќ во куќата на господин Колак“, по текст на Владимир Ѓурѓевиќ и во режија на Ирфан Менсур, која е на Југоарт продукција, од Белград, Србија, со Слободан Бодо Нинковиќ, Ирфан Менсур и Владимир Керкез, ќе биде одиграна на четврти октомври. На петти октомври Народниот театар од Лесковац, Србија ќе настапи со  „Чекајќи го докторот“ во режија на  Синиша Ефтимов  со Петар Смиљковиќ, Тања Крчмарик, Филип Радивојевиќ, Сузана Грујиќ, Иван Јанковиќ, Петра Димитријевиќ и Наташа Пејиќ. Народниот театар од Штип ќе ја изведе преставата  „Власт“ од Бранислав Нушиќ во режија на Ѓорѓи Ризевски на шести октомври со актерите Ефтим Трајчов Ѓаурски, Милорад Ангелов, Никола Милошевски, Елена Шорова Дербов, Марко Трајковиќ, Ава Хусеини, Миланчо Ѓеоргиев и Стефанија Митовска.

Фестивалот ќе заврши со настап на Театар Комедија од Скопје на седми октомври со претставата „Анатомија на неверството“ од Валентин Красногоров во режија на Александра Кардалевска со актерите Жаклина Петровска и Тони Денковски.

По повод петнаесетгодишниот јубилеј, на актерот и режисер Владо Денчов ќе му биде врачена специјална повелба „Свети Јоаким Осоговски“, за придонес во аудиовизуелните уметности и медиуми.

Tags: ПаланкаТеатарфест
Next Post

Вучиќ на РТС го негираше учеството на Србија во оружената пресметка

НАЈНОВО

Касами го доби уверението за втор мандат, од изборните ветување тврди дека прво ќе биде реализиран бесплатен автобуски јавен превоз

November 7, 2025

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби

November 7, 2025
Македонија Членство во ЕУ

ЕУ го поздрави потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk