ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богоев: Работиме на побрзи процедури за царинење и олеснување на трговијата

September 28, 2023 16:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Царинската управа работи на конкретни мерки и активности што ќе резултираат со скратено време на завршување на процесите за царинење и помали трошоци за компаниите. Секој ќе има придобивки од овие политики, бидејќи се клучни за генерирање повисок и одржлив економски раст, – истакна директорот на Царинската управа, Стефан Богоев на настан по повод одбележување 20 годишен јубилеј од основањето на Макам-Транс.

„Царинската управа работи на спроведување ефективна трговска политика која ќе биде изградена врз темелите на аспирациите за членство во Унијата и функционирањето на единствен пазар. Во оваа насока сме насочени кон целосно хармонизирање на царинската легислатива со европското законодавство, дигитална трансформација и замена на постоечките ИТ системи со нови системи кои се применуваат во ЕУ, модернизација на премините и борба со криминалот, сузбивање на сивата економија и корупцијата. Побрзото спроведување на процесите значи и побрз влез во ЕУ и оттаму во моментот нашата одговорност е спроведување мерки во линија со европските цели. Притоа, мерките за економска интеграција и подобрување на условите за инвестирање ќе бидат клучни“, истакна Богоев.

Во моментов како што потенцира Богоев, Царинската управа работи на имплементација на нов национален едношалтерски систем, при што сите процеси за царинење ќе се завршуваат од едно место.

Во делот на модернизација на премините, како клучни проекти ги наведе воспоставените заеднички гранични контроли на Табановце, Ќафасан, а наскоро и на Блаце со Косово. Во оваа насока, проширен е сообраќајниот премин на Табановце, а во моментов, како што рече, се работи на реализација на Проектот за модернизација и проширување на преминот Деве Баир. Со средства од ИПА во моментов на влез на граничниот премин Богородица се работи и на замена на старата со нова дигитализирана вага за товарни возила.

„Ова се само дел од мерките што се спроведуваат во насока на унапредување на трговската политика што ќе придонесе за олеснување на трговијата, зголемување на конкурентноста на македонската економија, а истовремено се испраќа позитивен сигнал за странските инвеститори во нивните одлуки за инвестирање во нашата држава. Како ефикасен сервис за македонското стопанство, континуираниот дијалог со бизнис заедницата е многу значаен за постигнување напредок и креирање мерки во насока на градење просперитетно општество“, потенцира Богоев.

 

Tags: Стефан БогоевЦаринска управа
Next Post

Одговорноста за измените на Кривичниот законик е на Собранието, промените се направени со глас на одредени пратеници, вели Лога

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 19 општини, СДСМ во 4, ВРЕДИ во 4, НАИ во 2 и Унија на Роми во 1

November 2, 2025

ДИК: Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 62,65%, Амар Мециновиќ 32,16%

November 2, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk