ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши за млекото со афлатоксин: Граѓаните да им веруваат на институциите, а не на политичари кои сакаат само да собираат поени

September 29, 2023 15:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Граѓаните да им веруваат на институциите, а не на изјавите што ги даваат некои политичари за дневно собирање политички поени, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши во врска со обвинувањата на Цветан Трипуновски дека во продавниците има над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Бимилк“, Бектеши напомена дека веќе ја споделил информацијата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својот фејсбук профил.

-АХВ е најкомпетентна институција за тоа во државата и јас имам целосна доверба во тоа што го кажува, а и граѓаните треба да им веруваат на институциите, а не на изјави што ги даваат политичари за некаква придобивка или за дневен интерес и собирање политички поени, потенцира Бектеши.

Трипуновски пред три часа на фејсбук објави дека „на 21 септември оваа година во Македонија се увезени преку 20 тони трајно млеко од Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година“ и дека ова млеко е пуштено во промет иако во него  детектиран афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво.

Веднаш реагираше АХВ, која ја демантираше ваквата информација, нагласувајќи дека Трипуновски повторно лажно шири паника.

-Млекото со афлатоксин се враќа во Србија. Граѓаните да бидат спокојни зашто „канцерогено” млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Трипуновски, дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко од  Србија со афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации, наведе АХВ.

Tags: афлатоксинБектешиМлеко
Next Post
Фото: Ангел Ангеловски

Стефан Богоев: Наскоро едношалтерски систем во царината и признавање на кантарските белешки со Србија

НАЈНОВО

Флоријан Вирц објасни зошто избрал да се пресели во Ливерпул

August 25, 2025

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите низ градовите ќе прибира предлози за програмите за локалните избори

August 25, 2025
плата, кошничка, работнички живот

Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk