ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мигрантското прашање во фокусот на средбата Мицотакис – Макрон на Самитот МЕД9 на Малта

September 29, 2023 21:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Прашањата од билатерален и регионален интерес, одбранбената соработка, миграцијата, како и војната во Украина, биле темите за кои разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и францускиот претседател Емануел Макрон на нивната средба на маргините на Самитот МЕД9 во Валета, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на Мицотакис соопштија дека посебен акцент на средбата бил ставен на мигрантското прашање и важноста на чувањето на надворешните граници на ЕУ, но и соработката со земјите на потекло на мигрантите.

– Кирјакос Мицотакис истакна дека Грција ќе остане доследна на својата политика за чување на границите, потенцираше дека е потребна соработка на земјите- членки за да се спречат тргнувањата на мигрантите, а мрежите на криумчаите да се обесхрабрат да ставаат очајни луѓе во чамци и да започнуваат опасно патување, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер.

Дополнително, двајцата лидери го изразиле нивното „задоволство од одбранбената соработка на двете земји“, грчкиот премиер му се заблагодарил на Макрон за помошта на Франција за Грција во гаснењето на пожарите и повторил дека „ЕУ мора да стори повеќе за справување со природните катастрофи и прилагодување на климатската криза“.

Паралелно Мицотакис и Макрон размениле и мислења за можностите за соработка во областа на технологијата за предвидување на екстремни временски појави.

Според најавите, лидерите на земјите членки на МЕД9 групата, односно Грција, Малта, Шпанија, Кипар, Хрватска, Словенија, Португалија, Франција и Италија, денеска на Самитот се очекува да разговараат за мигрантското прашање, но и за климатската криза.

Грчкиот премиер, пред две седмици, по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за пакетот помош за Грција за справување со последиците од природни катастрофи, испрати писмо земјите од МЕД9 групата, барајќи координација на земјите од југот во пресрет на следните Европски совети за да се побара сеопфатна стратегија за прилагодување на климатската криза, која бара повеќе ресурси.

Претходниот Самит МЕД9 беше одржан во декември во Шпанија.

Извор: МИА

Tags: Мицотакис - Макрон
Next Post

И 2030 може да биде приказна за голем успех како што беше големото проширување на ЕУ од 2004 година

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk