ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Очекуваме поголем интерес од банките и институциите за зелената обврзница, за граѓаните нова граѓанска во октомври

September 30, 2023 13:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Аукцијата за зелената обврзница, за која проспектот беше објавен оваа недела, ќе се одржи на 3 октомври, во вторник, и за неа очекуваме поголем интерес, пред се, од банките и институции, иако е наменета и за граѓаните, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Блумберг Адрија. Тој исто така најави и издавање на уште една нова емисија на граѓанска обврзница.

-Износот на емисијата на зелената обврзница е на 10 милиони евра, двегодишна, со 4,7 отсто годишна камата, а ќе можат да се пријават банки, институции и граѓани. Очекуваме поголем интерес, пред сè од банките и институциите, затоа што станува збор за еден нов инструмент што во билансот на банките и компаниите им значи дополнителна вредност, не само финансиска вредност, истакнува министерот Бесими.

Тој посочи дека парите ќе одат во Фондот за енергетска ефикасност, во Развојната банка преку кој ќе се поддржат зелени проекти односно енергетски ефикасни проекти и проекти во обновливи извори на енергија за мали и средни претпријатија, на кои ќе им се помогне во финасирањето со поволни услови.

Бесими во интервјуто истакна дека новата емисија на граѓанска обврзница ќе биде на 10 милиони евра.

-Планираме да ја издадеме во текот на октомври. Ќе биде на 10 милиони евра во денарска противвредност. Но ќе се прифати целата понуда колку што ќе покажат интерес граѓаните. Таа ќе биде со 5% камата. Станува збор за двегодишна обврзница, која ќе се обновува. Значи и во иднина тие ќе постојат на пазарот, односно граѓански обврзници ќе има во континуитет на нашиот финансиски пазари, вели Бесими.

Министерот во интервјуто истакна дека се издадени и структурни обврзници, кои се наменети за општините и дека сега се издадени на општина Тетово во износ од 4,5 милиони евра, Желино во износ од еден милион евра и Виница со нешто помал износ. Како што рече министерот барање доставила и општина Кичево, но се откажала во последен момент

Tags: Бесимиструктурни обврзници
Next Post
Интервју на Фронтлајн со Стефан Богоев. Фото: Ангел Ангеловски

Богоев: Сериозен фокус ставаме на борба против корупција

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk