„До крајот ќе годината ќе направиме пресек и ќе споредиме со претходните полугодија и ќе видиме дали имаме зголемен број на заплени, или било нешто што е моментално. Меѓутоа, сериозен фокус јас со тимот ставаме на борба против корупција, што во нашиот случај значи заплени, изјави Стефан Богоев, директор на Царинската управа за Фронтлајн.
Тој додаде дека царината работи и по информации на одделението за разузнавање, но и по тековно работење на мобилните тимови и секторот за контрола и истраги. А што се однесува до за заплените, истакна дека е подобро дел од заплените јавно да се комуницираат, од причина што „страв лозје чува“.
„Оној што сака да прошверцува, оној што сака да корумпира или да потплати, кога ќе види јавно дека Царинската управа е сериозно определена и сериозно се бори против корупцијата, организираниот криминал и шверцот, тогаш е голема веројатноста тој да се одврати од таа идеја. Затоа решивме да ги интензивираме активностите и тоа да го промовираме повеќе кај граѓаните, за да предупредиме дека обидите за шверц и нелегална трговија може да имаат сериозни последици по оние коишто сакаат тоа да го направат“, посочи Богоев.
Дополнително, Богоев потсети дека јас во времето кога тој бил градоначалник на општина Карпош, општината била прогласена за најтранспарентна институција помеѓу институциите, и дека потенцираше дека продолжува и овде транспаретно и јавно да комуницира со граѓаните.
„Дали е нешто бомбастично и големо, дали е нешто поситно, граѓаните треба да знаат се што се случува. Тие сами ќе си проценат која информација им е корисна, а која не“, заклучи Богоев.