Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со добри игри и победи на турнирот од W40 категорија, којшто оваа недела се игра во Куршумлијска Бања, Србија. По победите против Унгарката Reka Luca Jani, српската тенисерка Миа Ристиќ и Lois Boisson од Франција, денес Ѓорческа извојува лесна победа (6-1 ; 6-3) во полуфиналниот меч против чешката тенисерка Dominika Salkova. Чехињата се закани само на почетокот од вториот сет кога поведе со 2:0, но нашата тенисерка брзо се врати во својот ритам и стигна до оваа значајна победа.
Противничка на Ѓорческа во утрешното финале ќе биде победничката од мечот меѓу Daniela Vismane од Литванија и Antonia Ruzic од Хрватска.
Со денешната победа и со серијата претходни успешни игри на турнирите во Осиек, Виена и Скопје, Лина Ѓорческа направи силен пробив на светската ранг-листа и моментално на Live WTA Ranking се наоѓа на 197. место. Со право можеме да очекуваме дека Ѓорческа следната 2024. година ќе ја гледаме и на 4-те најсилни Гренд слем турнири.
Ацо Лукароски