Во Паркот на поезијата во Струга в среда ќе се одржи Саем на книгата, во организација на центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
Директорката на институцијата, Николина Велкоска Глигороска информира дека саемот е во рамките на годишната програма на Центарот за култура, а е во соработка со издавачките куќи „Матица македонска“ и „Сакам книги“.
Станува збор за традиционален настан, кој се реализира во делот на библиотечната дејност на установата, изјави Велкоска Глигороска.
Според неа, на продажба ќе бидат изложени познати и барани наслови од читателите во периодот од 10 до 16 часот.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.