ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ: Нов закон за решавање банки за зајакнување на финансиската стабилност

October 4, 2023 18:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија го усвои Законот за решавање банки, предложен од Министерството за финансии, а со кој земјава воспоставува регулаторна рамка за зајакнување на финансиската стабилност во земјава и навремена интервенција во кредитна инститиуија која е во проблем.

-Станува збор за сосема нов закон кој има за цел воспоставување инструменти за ефикасно решавање на проблемите на нестабилни и проблематични кредитни институции  неопходни за спречување  несолвентност, односно за ублажување на негативните последици настанати поради несолвентноста, а се со цел зачувување на одржувањето на функционирањето на кредитната институција. На тој начин се избегнува спасување на овие институции со користење на средствата на даночните обврзници, односно со новото законско решение ќе се воспостави сет на алатки за доволно рана и брза интервенција во кредитна институција којашто се соочува со проблеми во работењето, информират од Министерството за финансии.

Законот покрај одржување на финансиската стабилност и избегнување на значително негативно влијание врз финансискиот систем, ќе обезбеди и континуитет на критичните функции на банката, заштита на јавните средства преку сведување на минимум на можноста за користење вонредна државна финансиска помош,  заштита на депонентите коишто имаат обезбедени депозити, како и заштита на средствата на клиентите на банката.

Со законот се воспоставува Фонд за решавање банки, и ќе се дефинира начинот на користење на средства, ќе се утврдат процесот, условите и инструментите за решавање банки, начините на финансирање на решавањето и слично, а орган надлежен за решавање на банките ќе биде Народната банка. Со предложеното законко решение предвидена е можноста за примена на државни инструменти, меѓу кои и директна интервенција, но тие ќе се користат само во исклучителни можности и тоа само како последна можност, откако ќе се исцрпат сите останати инструменти пропишани во Предлогот. Повратот на средствата кои ќе се користат за интеревенција ќе се врши со продажба на влогот на државата во банката која државата би го стекната со примена на инструментите.

Со Законот се сака да се постигне пазарна дисциплина и доверба на јавноста во банкарскиот сектор, унапредување на регулаторната и супервизорската рамка, заштита на јавните средства, непристрасност и независност во вршење на активностите на надлежниот орган за решавање на банки, како и стручност, професионалност и висок степен на професионална одговорност на вработените во банките и на вработените во Народната банка на Република Северна Македонија.

Новиот закон, исто така, претставува доследна примена на европското законодавство, односно  усогласување со Директивата  2014/59/ЕУ на Европската комисија за формирање на рамка за заздравување и решавање на кредитни институции и инвестициски фирми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МФНов закон за решавање банкиНов закон за решавање банкиМФ
Next Post

Кофинансирани 86 домашни компании за иновативни идеи и креативни решенија за забрзан раст

НАЈНОВО

Дигитална изложба „Фауна” во Битола – урбана уметност во зголемена реалност

October 14, 2025

Ана Карајанова Димитрушева: Гласајте за бројот 8 за достоинство на луѓето со попреченост

October 14, 2025
Скриншот

Стармер: Потпишувањето на мировниот план за Појасот Газа е историски ден

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk