ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски на филмски фестивали во Романија, Грција и ОАЕ

October 4, 2023 09:27
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео, е избран во официјалната селекција на 30-то издание на документарниот филмски фестивал АСТРА што се одржува во Сибиу, Романија од 15 до 22 октомври годинава.

Филмот ќе има две проекции на 18-ти и 20-ти октомври и се натпреварува во престижната програма на Централна и Источна Еворпа. АСТРА филмскиот фестивал е еден од најважните фестивали за документарни филмови во Европа, кој започна во 1993 како еден иновативен проект што во своите триесет години живот одигра важна улога во стимулирање на креативни документарни филмови и стана важна платформа и за романската и меѓународната кинематографија.

По Сибиу, „Љубовната соба“ ќе имa проекција на 27-ми октомври во рамки на 9-иот Пелопонешки филмски фестивал во Каламата, Грција. Фестивалот е организиран од Креативниот документарен центар на Каламата. Фокусот на фестивалот се меѓународни долгометражни и краткометражни документарни филмови но и мастеркласи, ретроспективи, едукативни проекции и семинари се дел од фестивалот.

Во периодот од 9 до 12 ноември, „Љубовната соба“, ќе биде дел од официјалната селекција на филмскиот фестивал МЕТА што се одржува во киното VOX – Вафи Сити, во Дубаи, ОАЕ. МЕТА е единствениот меѓународен филмски фестивал во Дубаи и е поддржан од владата на Обединетите Арапски Емирати и од Советот за медиуми. Исто така, филмот е селектиран за учество на меѓународниот фестивал „Светот на филмот“, во Глазгов, во Велика Британија, во периодот од 2-ри до 9-ти ноември.

Режисерката и продуцент Сузана Диневски е поканета да го презентира филмот и да учестува во панел дискусијата за филмот на претстојните фестивали во Романија, Грција и Обединетите Арапски Емирати.

Документарниот филм ,,Љубовната соба”, на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Северна Македонија – Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.

Филмот е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Аворд Филм и Видео. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, а тонски дизајнер е Игор Поповски.

Својата светска премиера ,,Љубовната соба” ја имаше на филмскиот фестивал во Финекс, Аризона, во САД во март годинава во категорија на светски долгометражни филмови и европска премиера на Загребдокс во Хрватска во регионална конкуренција.

Tags: „Љубовната соба“филмски фестивали
Next Post

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, активен е уште еден

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk