Европскиот парламент денеска го одобри Вопке Хукстра за еврокомесар за климатски активности.
Кандидатурата очекувано собра голема поддршка во ЕП. За него гласаа 279 европратеници, против 173, а воздржани 33.
Претходно оваа недела, кандидатурата на Хукстра беше поддржана од Комисијата на Европскиот парламент за животна средина.
За конечно да биде одобрен за функцијата, поранешниот холандски министер мора да добие одобрение и од земјите-членки на ЕУ – формална процедура која се очекува да ја помине без никакви проблеми.