ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дебелите Македонци не врзуваат крај со крај, туку купуваат мокасини

October 8, 2023 12:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Најимпресивни се кретените со македонска национална бесвест! Формирани во звукот на  зурлата, одекот на тапанот или во клавирските бравури во седум осмини, во хистеријата на кретенизирачките програми и лажните вести, во вморонските ојајчувања во плитоците на сенародната сувкаста маса, тие не пропуштаат ден да не одработат нешто против себе и во корист на своите и општи непријатели.

Одат од Скопје до Нерези преку Сантијаго де Компостела, поцрнуваат така што се облекуваат во знамињата со сонцето од Кутлеш, а на Велигден и Бајрам си разменуваат баклави и јајца со тие што најмногу ги мразат.

Вмро го сакаат како лондонски проститутки кои за Џек Трбосек мислеле дека е Џорџ Клуни.

Во Светската агенција за храна пресметале дека неколку илјади македонски патриоти на една ќебапчијада јадат повеќе месо за едно попладне отколу целото население на Сиера Леоне во текот на десет години. Со тоа што овие од Леоне по цел ден копаат дијаманти, а Македонците кои на ќебапчијадите и пиволендите се борат за одбрана на националниот идентитет од Европа, од Бугарија и уште од милион други негатори, копаат бомби во своите носни дупки во очекување државата да им го врзе крајот со крајот што тие не можат да го врзат прибидејки растојанието меѓу краевите е многу големо, а тие се зафатени со јадење на ќебапи, пиење на пиво, плачење по тажната судбина на Македонија и купување на станови.

Каков несреќен народ.

Не на Сиера Леоне – на Македонија Норд.

Не е чудно што на ум му паѓа да ја растури државата затоа што ќебапите, пивото, носните бомби и досадата од неработење не му значат ништо ако не може да врзе крај со крај.

Дебелите Македонци не можат да ги врзат краевите и на врвките на патиките па купуваат мокасини.

Многу се слатки.

Некои се откажуваат да врзуваат крај со крај туку се фаќаат за десниот крај, како кец на оро и на тој начин се чувствуваат врзани за вмро.

Лепота!

Симпатиите кон вмро не се плод на заблуди, макар што има и сто танкери (само)измами, туку на свеста дека со помош на таа злосторничка инсталација ќе ѝ се одмаздат на државата која им ги држи двата краја многу раздалечени. И се спремни да ја демонтираат.

Многу оригинален, јас би рекол единствен начин на решавање на проблемот со краевите.

Може ли тука Жмицко да помогне?

Може!

Ако едниот крај од краевите што Македонецот не може да ги врзе, го стисне со жестока контракција на аналниот мускул, а другиот крај му го врзат за курот, тој може до биде прекрасна преносница, мост меѓу двата фатални краја на обичниот човек. Пресметките покажуваат дека и од напред и од назад тој може да прими до два милиони неврзани краеви односно да спаси толку луѓе.

Јас сум фасциниран од изобретателноста на македонскиот народ кога е во прашање не само врзувањето на двата краја туку и спасот на националните интереси и националното достоинство од страшните агресии на Европа и на Бугарија.

Земете го на пример Симона.

Човекот ѝ поставува на Европа нови услови за почеток на преговорите, демек, да се избришат сите додавки пред името Македонија, ако светот сака да го слуша Рахмањинов во македонска интерпретација.

Светот е во шок.

Не знае што да прави.

Веројатно ќе ги откаже сите најавени концерти и ќе им ги врати парите на гледачите кои купиле карти за да се досадуваат час и кусур со исклучен мобилен и без пуканки, додека од сцената оди приспивнито ноктурно на Шопен. Без крај. Или ќе им понудат замена во пиво.

Некои велат дека Симон ќе бара на клавирот да пишува Петров, а не Petroff, во знак на почит кон претседагелот на Светскиот македонски конгрес АД.

Но тоа е клавирска верзија за општиот пат од Скопје до Нерези преку Сантјаго де Компостела. Со одбивањето на додавката и на концертите тој не ја јакне македонската кауза туку ја заебува, а себе си не се претвора во херој туку во талент загубен и заробен, обезталентизиран во македонизмот.

Кога Македонецот ќе се напумпа со македонизам нема лекар што може да го спаси.
Ние правиме дистанца меѓу спасувањето и нас. И меѓу постоењето од нас. Ние сме неутрални во однос на спасувањето и на нашата судбина. Нема ниту жал или тревога ако не преживееме. Ние сме посматрачи на сопственото умирање.

Само една работа е на наша страна: Фактот дека растурањето на Македонија е како повреда на лигаментите или на петната жила на еден фудбалер, исчезнувањето на Македонија ќе остави дупка која може да се пополни само со многу мртви хора и да ја искриви конструкцијата на целиот Балкан, па и на Европа. Но, тоа за нас не е голема утеха оти вмро ќе го направи изчезнувањето многу атрактивна и поволна варијанта, бинго во однос на преживувањето под власт на чипираните идиоти.

Драго ми е дека се шири свеста за вистинските димензии на смртоносната мисија на вмро. Ако има Македонија не може да има вмро и обратно.

Ваше е да изберете.

Немате многу време.

Само неколку месеци.

Среќен празник.

11 Октомври.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Анкета на „Фокус“: Ковачевски станува најпопуларен политичар за неполни две години активен политички ангажман

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk