ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Рецензија, „М“, режија Вардан Тозија: „М“ како мисловен, морален и магичен филмски увид во постапокалиптичната стварност

October 9, 2023 12:19
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Сашко Коцев во сцена од „М“

Сашко Коцев во сцена од „М“

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА  

Приказот на бруталистичката архитектура наспроти длабоката шума е  одлично контрасно филмско решение за спротиставените  светови на безбедната природа и празниот заканувачки бездушен бетон.

Во дебито „Џган“, режисерот Вардан Тозија подвлече црта на дотогашната домашна кинематографија со силната ангажирана приказна и естетика која одскокна од поставените рамки на нашиот филм. Вториот „М“ стигнува седум години подоцна, и овој пат прави тивка револуција во македонската продукција. И авторски, и жанровски. Авторски затоа што се произнесува тематски за актуелната застрашувачка закана од деморализираниот и оштетен свет а жанровски бидејќи си поигрува со драма, трилер и хорор елементи. Секако овој жанр изискува продукција за која за жал, ние немаме доволно ниту кадровски ниту пак материјален капацитет. Затоа, земајќи ги во предвид овие ограничувања, во „М“ се употребени максималните расположливи продукциски решенија.

Изминативе години во продукцијата на „Нетфликс“ видовме низа на филмови и серии кои се занимаваат со заканата од непознат вирус. Најчесто тоа беа кокетни гледливи филмови, што ќе ни го задржат вниманието во здодевните часови минати во карантин, и ќе ни ја подгреваат веќе постоечката параноја. „М“ не е ни налик на оваа индустријализација на темата, туку само го користи мотивот за подлабока емоционална метафора.

Приказната за детето Марко, „детето од лисја“ кое живее во волшебната шума, заштитен од неговиот татко, и малиот Мико кого го пак го чува неговата мајка од злото што демне надвор од шумата, се чини е една архетипска алегорија на најисконските механизми на нашето постоење-родителите да ги заштитат децата од надворешниот свет, полн со страотни искушенија и „полулуѓе“ –зомби.  Понатаму Марко, треба да порасне и самиот да се справи со заканите на светот. „Обележен“ , Марко е избран да биде имун на „вирусот“ на злото. И вербата и храброста дека на неговиот пат ќе ја најде самовилата, ќе го одведе до целта. Самовилата-мајка се појавува во импресивна и неочекувана сцена, жена вооружена до заби, што доволно говори за суровоста во која е западнат светот.

Сцена од „М“

Драмската нарација, која во овој филм често ја губи и границата на литературата и визуленото што наместа и пречи на одржливата филмска амплитуда, односно и недостигаат подетални драматуршки расчленувања и појаснувања . Во сојуз со кинематограферот Владимир Самиловски, и одличните сценографски решенија на Кирил Спасески-Кикич Тозија создава цел еден комплексен визуелен свет протакаен со длабока и силна емоција.

Приказот на бруталистичката архитектура наспроти длабоката шума е  одлично контрасно филмско решение за спротиставените  светови на безбедната природа и празниот заканувачки бездушен бетон.

Актерот Сашко Коцев уште еднаш ја покажа неговата моќ за трансформација и зрелост на филмското платно а секако плени и детскиот кастинг.

Сепак останува впечатокот дека потенцијалот што експлодираше во неговиот првенец „Џган“, не се препознава во истата количина во „М“.

Филмот е поддржан од АСгенцијата за филм на РСМ , снимен во копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски.

Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.

„М“ е на репертоарот во „Синеплекс“.

Преземено: Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Агенција за филм на РСМВардан ТозијаМакедонски филм

НАЈНОВО

Натпреварот Алкалоид – АЕК нема да се одигра

May 25, 2025

Сеќавање на Џорџ Флојд: Пет години борба за правда и еднаквост

May 25, 2025
Фото: МИА

Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп

May 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што се случило со децата на Николае и Елена Чаушеску по романската револуција?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вечер 38. издание на Фолк фест „Валандово“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk