ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вархеји инсистира на ревизија на помошта за Палестинците

October 11, 2023 16:25
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, кој предизвика бурни реакции во Брисел со својата изјава за суспензија на помошта од ЕУ за Палестинците, рече дека е неопходна ревизија на помошта за да се спречи „индиректно“ финансирање на терористичката група Хамас која го нападна Израел.

Вархеи, кој е задолжен за односите на ЕУ со соседните земји, во понеделникот рече дека сите исплати за помош за Палестинците веднаш ќе бидат прекинати.

Франција и Шпанија веднаш реагираа, повикувајќи на продолжување на помошта, по што Европската комисија соопшти дека ќе почне „итна ревизија на финансиската помош на ЕУ за Палестинците“ за да се осигура дека помошта од ЕУ „индиректно не ѝ овозможува на која било терористичка организација да изврши напади против Израел“, но дека во овој момент „нема планирани исплати“.

– Не гледам никаква контрадикторност. За мене тоа е исто … нема скорешни исплати, изјави Вархеји за Фајненшл Тајмс на прашањето за појаснувањето што го објави Комисијата.

Проблемите во комуникацијата открија пукнатини во комисијата и недоволна координација за критичните прашања, пишува британскиот весник. Вархеји е еден од комесарите кои најмногу го поддржуваат Израел. Според двајца неименувани функционери, тој ја дал својата прва изјава за суспензијата на помошта со разбирање дека има поддршка од Комисијата.

Портпаролот на комисијата на 10 октомври рече дека Вархеји не разговарал за ова прашање со ниту еден друг комесар пред да ја даде изјавата.

Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ, која е најголемиот донатор на Палестинците, вчера на вонреден состанок разговараа за продолжување на помошта за Палестинците.

Министрите ги осудија нападите и повикаа на заштита на цивилите, ослободување на заложниците и обезбедување пристап до храна, вода и лекови во Газа.

Израел има право на самоодбрана, со целосно почитување на меѓународното хуманитарно право, се вели во соопштението и се додава дека министрите разговарале за продолжување на соработката со палестинската управа и поддршката за палестинскиот народ.

„Направивме јасна разлика меѓу Хамас, палестинскиот народ и палестинската управа. Ние го сметаме Хамас за терористичка организација, но палестинската управа е друга работа, тие се наш партнер … Не сите Палестинци се терористи, затоа колективното казнување на сите Палестинци не би било фер и продуктивно, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Тој по состанокот изјави дека огромното мнозинство членови побарале да не се прекинува исплатата на помошта.

Вархеји, сепак, смета дека ризикот е преголем.

– Ние сме среде војна во која се чини дека имаме многу силна исламистичка терористичка организација на територијата каде што сме најголемиот донатор. Кога ќе видиме што се случува, не можеме, а да не го провериме повторно финансирањето, за да видиме дали сме биле искористени и злоупотребени, рече Вархеји.

Тој нагласи дека не мисли дека има директно финансирање на Хамас.

– Тоа би го исклучил бидејќи имаме многу строги правила. Она што сè уште не го знаеме е индиректното финансирање и мораме да копаме длабоко, рече еврокомесарот.

Тој додаде дека има многу индиректни начини на финансирање и оти ЕУ работи на „разбивање“ на оние кои се поврзани со нејзините фондови.

Хамас, кој ја контролира палестинската територија Газа, минатиот викенд почна напад врз Израел во кој досега загинаа најмалку 1.200 Израелци. Во израелските напади потоа беа убиени повеќе од 900 луѓе, а во меѓувреме израелските власти соопштија дека се пронајдени телата на 1.500 Палестинци кои упаднале на израелска територија.

Tags: ВархејиПалестинцитепомошта
Next Post

Ердоган: Користењето на сите видови срамни методи не е војна, туку масакр

НАЈНОВО

Непознати дронови двапати забележани над воена база во Белгија

October 29, 2025
Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина

Речиси 27.000 домаќинства во Одеса останаа без струја по руски напад

October 29, 2025
Скриншот

Кац: Посетите на Црвениот крст на палестински затвореници ја загрозуваат националната безбедност

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk