ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Министерство за култура: Платите во култура ќе пораснат за 10%, а во март следува ново покачување поради усогласувањата со минималната

October 12, 2023 16:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура информира дека е почнат процесот на исплата на платите во културата, со 10 проценти покачување, постапувајќи по Општиот колективен договор во јавниот сектор и Заклучокот на Владатата од 26.09 2023 година со кој се задолжуваат државните органи да ја зголемат основната бруто плата за 10%.

Владата обезбеди Oпшт колективен договор со кој сите добиваат 10% повисоки плати, и праведно е и во ресорт култура, вработените да ги добијат еднакво правата кои се овозможуваат со Општиот колективен договор, што Министерството за култура го спроведува.

По преговорите со синдикатите, СКРМ и СОНК за наоѓање најсоодветно правно решение за почитување на Заклучокот и спроведување на Општиот колектвен договор, платите почнаа да се исплатуваат по претходно добиените акти и пресметки од страна на директорите на установите.

Ги уверуваме синдикатите и вработените во културата дека не постои причина за недоверба за како што велат тие „злоупотреба на Заклучокот на Влада за доследна примена на Општиот колективен договор, пробувајќи преку наводно постапување по истиот да ја ограничи основната бруто плата на вработените во културата и да не дозволи раст предвиден со Колективните договори“.

Синдикатите кои ги претставуваат вработените во областа на културата не го прифатија Предлогот – Анекс на колективен договор за култура за регулирање за начинот на исплата на плата. Во целиот процес беа одржани неколку состаноци, вклучувајќи го и последниот на кој присуствуваа и претставници од Министерството за финансии и Државниот инспекторат на трудот, при што синдикатите беа известени дека поеднечните решенија се единствениот законски начин за исплата на плата. Потенцираме дека воопто не се работи за носење на едностран акт од права за работен однос, туку исклучиво на постапување согласно закон и носење решение за плата како поединечен акт од индивидуално правен карактер на работникот.

Временското ограничување до февруари 2023 година е заради фактот што во месец март 2024 година ќе има ново усогласување на постојната минимална плата и ќе се применува колективниот договор што е поповолен за вработените во јавниот сектор при што по овој период вработените лица ќе добијат нови решенија за исплата на плата.

Нема никаква заднина во спроведувањето на Заклучокот на Владата за покачување на основната плата во јавниот сектор од 10 проценти, која важи за целата држава. Имено, начинот на утврдување на основната бруто плата е дефиниран во Колективниот договор за култура и со поединечните решенија за плата само се констатира износот, се разбира зголемен за 10% согласно член 14 ОКД.

Воедно, како што во повеќе наврати укажавме, Министерството за култура останува доследно и транспарентно во целиот процес со целосно почитување и применување на законската регулатива која се однесува на работните односи. Демократскиот дијалог со синдикатите продолжува и Министерството за култура останува отворено за натамошна соработка и надминување на сите отворени прашања.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Министерство за Култураплати

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk