Белгиската полиција денеска уапси осомничен вооружен маж кој застрела двајца шведски фудбалски навивачи во, како што соопштија властите, „терористички напад“, пренесува МИА.
Апсењето, во бриселската населба Скарбек, уследи по интензивната потера во главниот град по напаѓачот вооружен со автоматска пушка.
– Полицијата отвори оган за време на апсењето, изјави портпаролот на белгиското обвинителство, Ерик Ван Дујс, без да ја потврди информацијата на телевизијата RTBF дека осомничениот е ранет.
Локалниот градоначалник, Филип Клоз, изјави за францускиот ТВ канал BFMTV дека осомничениот се чини дека е „неутрализиран“. Ова се уште не е потврдено од властите.
Претходно, дел од бриселски медиуми јавија дека осомниочениот е застрелан во градите, но дека е жив и приведен.