ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Љубовна терапија” како терапија и за театарот и за публиката

October 17, 2023 09:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во саботата во Театар Куманово се случи премиера на новата комедија „Љубовна Терапија” во режија на Драгана Таневска а според текст на Кристофер Дјуранг.

Во претставата игра млада но истакната актерска екипа која полека но сигурно го гради својот пат – Владанка Крстевски, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски и Матеј Стојковски.

Кога претставите во Куманово се спремаат за Денови на Комедија тоа е посебен празник, па така и овој процес и самата премиера беше празник за театарот.

„Љубона терапија” се фокусира на две општествени појави ,кои стануваат тренд во нашето општество, користење на апликации за запознавање на луѓе и одење на терапија. Како секој друг жанр или уметнички производ така и комедиите имаат идеолошка страна која многу добро може да се набљудува преку начинот на кој жените и мажите се конструирани и портретирани. Низ историјата тие се претставени во согласност со нивната вистинска улога во општеството и на кои политичките и општествените струи се оформувала нивната слика и идеја за тоа како треба да се однесуваат. Предметот на сексуалниот контекст во врската на паровите е исто така „ проблем “кој е силно поврзан со тоа што општеството мисли за однесувањето на мажите и жените за време на нивниот емоционален и/или физички контакт. Познато е дека во минатото , женската фигура била силно поврзана со фигура на мајка, а нејзината улога во општеството главно била поврзана со работата во домаќинството, воспитувањето деца и ништо повеќе. Меѓутоа, модерното време „открива “ поеманципирана жена која може слободно да ја избира својата улога/улоги во општеството и чии хоризонти повеќе не се прошируваат следејќи го претходно воспоставено верување дека нивната моќ не може да се спореди со моќта на мажите. Повеќето романтични комедии се базираат на промена на улогите на мажите и жените со пренесување на моќта , што обично е репрезентативна за мажите, на жените. – во разговор за „Фронтлајн“, вели режисерката Драгана Таневска, чии претстави веќе успешно ја освојуваат сцената во Македонија но и надвор од неа.

За процесот таа додава „Кога се работи комедија процесот секогаш е креативен и забавен на еден посебен начин. Енергијата која е на сцена додека се игра претставата ние ја имавме уште од прва проба. Во Театар Куманово има една многу талентирана, млада и амбициозна екипа со која соработката беше прекрасна”

За тоа колку е важен хуморот во нашиот секојдневен живот ние сме свесни, но Кумановчани особено се печатирани кога станува збор за него, вели Таневска.

„Хуморот е многу значаен дел од секојдневниот живот на кумановчани и тие по тоа и се препознатливи . Интересот за посетување на театар секогаш е многу голем , посебно кога е во прашање нова комедија на репертоарот. Направивме една модерна , нетипична комедија која одлично ја прими публиката на премиерата и се надеваме дека ќе имаме уште многу изведби и надвор од Куманово” додава Таневска за „Фронтлајн“.

Екипа Фронтлајн

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Љубовна терапија”Владанка КрстевскиДрагана ТаневскаТеатар Кумановотеатарска претстава
Next Post

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

НАЈНОВО

Фото: Креирано со помош на ВИ

За одредени македонски медиуми, најбитни се реакциите на Кремљ

October 3, 2025
Фото: МИА

Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО, ги препраќаме до МЗ

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео

Хамас бара повеќе време за да го проучи ултиматумот на Трамп за прекин на војната во Газа

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk