ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Запре крвичната постапка за Таргет-Тврдина во делот за нелегалното прислушување

October 17, 2023 13:34
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување.

Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата.

Трошоците за водењето на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на државата.

Судијата Илија Трпков, на денешното рочиште за случајот со нелегалното прислушување од јуни 2017 година, во Основниот кривичен суд Скопје, рече дека кривичниот совет го имал во предвид предлогот на јавниот обвинител изнесен пред почетокот на денешната главна расправа за предметот.

Јавната обвинителка Ленче Ристовска, на почетокот на денешното рочиште предложи Судот да ги примени измените на Кривичниот законик врз точките еден и два од обвинението за случајот “Таргет-Тврдина” кои се поблаг закон за обвинетите и да го примени соодветно материјалниот закон за застареност на кривичното гонење за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност, додека главната расправа да продолжи за точка три од обвинението, за што ќе се произнесе во завршен збор.

Јавната обвинителка Ленче Ристовска, на почетокот на денешното рочиште рече дека по однос на точка 1 и 2 од обвинението има основ за примена на поблаг закон, а тоа се измените на КЗ, од 7 септември 2023 година.

– Со точка 1 од обвинението на обвинетите  Горан Груевски, Сашо Мијалков и Надица Николиќ им се става на товар кривично дело злосторничко здружување, додека за Владимир Варелов, Васил Исаковски и Маријан Шумуликоски од став 2. Согласно измените намалени се казните на кривичното дело злосторничко здружување, па така предвидени се казни до 3 и 2 години.
Со став 2 од обвинението на обвинетите им се става на товар дека со злоупотреба на службена положба и овластување потешко ги повредиле уставно загарантираните права, па преку злоупотреба на системите за комуникација без судска наредба овозможиле следење. Со измените највисоката запретена казна за ова дело е до 3 години. Сметам дека има основ за примена на поблаг закон, а тоа се измените на КЗ и предлагам судот да донесе соодветна одлука, со која ќе ги земе во предвид и соодветно да го примени материјалниот закон за застареност на кривичното гонење за делата. По однос на точка 3 од обвинението  предлагам судскиот процес да продолжи, изјави обвинителката Ристовска.

Судечкиот совет, се повлече за одлучување и се произнесе по пауза од половина час.

По одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот, тој на почетокот на годинава беше вратен на повторно судење и беше распределен кај судијата Илија Трпков.

Во овој предмет со обвинението опфатени се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

Tags: „Таргет-Тврдина“Запрекрвичната постапка
Next Post

Опозицијата декларативно европска, а дејствува типично балкански

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk