ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: И власта и опозицијата си одмолчеа на зголемувањето на платите на функционерите од 78 отсто

October 19, 2023 21:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски вечерва истакна дека час поскоро е потребно Владата да предложи законско решение со кое ќе се изврши намалување на висината на платите на функционерите, посочувајќи дека шест месеци се чека Владата да предложи решение за платите на функционерите, кои беа зголемени за 78 отсто.

Дополнително, Пендаровски во интервју за дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека е потребно и опозицијата да поддржи решение за намалување на функционерските плати.

-Јас реагирав веднаш после одлуката на Уставниот суд за зголемување на платите. Јас не кажав дека одлуките на Уставниот суд не треба да се почитуваат. Станува збор за енормно зголемување, и знаеме во каква ситуација сме од војната во Украина, инфлација…, вели Пендаровски.

Тој вели дека политичарите не живеат лошо во државава.

-Побарав да се направи нешто да се сменат коефициентите по кои земаме плата, и да се нивелираат платите на ниво на држава, затоа што е недозволено директор на некое ЈП да зема 2-3 пати поголема плата од претседател или премиер. На Уставниот суд одлуката е во март, шест месеци чекаме Владата да предложи закон за намалување на платите, и не знам зошто се чека и да го усвоиме час поскоро. И да не чекаме реакции по повод одлуката на Уставниот суд. И власта и опозицијата си премолчеа, вели Пендаровски.

Очекувам, додаде претседателот, и барам намалување на 78 отсто на платите на функционерите вклучително и на мојата.

Tags: властаЗакон за корекција на платите на функционеритезголемувањеопозицијатаПендаровски
Next Post

Националната кампања за родовата еднаквност и семејното насилство во Охрид и Струга

НАЈНОВО

АВМУ: Од денеска на полноќ почнува изборен молк за вториот круг од Локалните избори 2025

October 31, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Временско ЕХО – 31 октомври

October 31, 2025
Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk