ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СЏФ: Соло рецитал на Џејсон Моран, настап на Џоел Рос и перформанс на „Rite“

October 21, 2023 14:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Соло рецитал на џез пијанистот Џејсон Моран, настап на „американското чудо“ Џоел Рос и перформанс на „Rite“, ќе понуди третата вечер на Скопскиот џез фестивал (СЏФ).

Моране познат, реномиран и исклучително талентиран џез уметник, со извонредна интелигенција, духовит пристап и истражувачки сензибилитет. Последното гостување на овој брилијантен пијанист на Скопскиот џез фестивал беше во 2008 година, кога се претстави со своето оригинално трио Bandwagon. На годинешното фестивалско издание имаме прилика да го доживееме соло и да уживаме во интимниот пијано перформанс на еден од најпровокативните мислители на модерниот џез.

Вториот концерт во Националната опера и балет е резервиран за американското чудо од музичар Џоел Рос кој, иако млад, веќе е прогласен за најдобар џез вибрафонист во светот и наследник на легендарните Милт Џексон и Гери Бартон. Во текот на изминатите неколку години, тој се истакна како еден од клучните протагонисти на новата генерација американски џез музичари, градејќи сè побројна и попосветена публика. Познат е по своите извонредни технички вештини и виртуозност, но и по искрениот и автентичен пристап кон музиката. Искреноста е константа во неговите сетови. И со секое ново издание, тој ја реафирмира посветеноста на автентичниот дискурс. Joel Ross Good Vibes е бенд што умее да ја освои и поведе публиката на едно истражувачко музичко патување.

Во полноќната саботна програма во МКЦ ќе имаме прилика да уживаме во уникатниот перформанс на тандемот „Rite“, составен од Зое Пиа и Матс Густафсон. Зое Пиа е италијанска кларинетистка, композиторка, музички ентузијаст и истражувач од Сардинија, а Матс Густафсон е познат шведски саксофонист, импровизатор, композитор и херој на скандинавската фри-џез сцена. Заедно најавуваат патување низ досега неистражени аудио предели и подлабоко проникнување во богатите култури на традиционалната музика и новите креативни јазици на експерименталната музика.

Според СЏФ, третата фестивалска вечер е посветена на големите имиња на џезот, но и на солидарноста со бегалците. Скопскиот џез фестивал, во соработка со УНХЦР, веќе петта година го негува проектот „Џез за солидарност со бегалците“, упатувајќи уште еден гласен апел за престанок на сите вооружени непријателства, насилство, прогон и кршење на човековите права, како  и емпатија, сочувство со неправедно и насилно раселените, обездомените, обезнадежените… 

Tags: Скопски џез фестивал
Next Post

Македонската правда во „канџите“ на Груевски и Мијалков, за Американците - и двајцата остануваат криминалци!

НАЈНОВО

Рим, Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места

August 19, 2025
фото: Охридско лето

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“

August 19, 2025
Фото: илустрација / unsplash

Студија: Светската стапка на самоубиства намалена за речиси 30 отсто од 1990 година

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk