Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Што кажа холандскиот амбасадор што ние за себе не го кажуваме и правиме секој ден!?
Да не Хаг нè сопира да ги усвоиме уставни амандмани?
Да не не е точно дека триесет и кусур години сме залепени како крлежи на европските даночни обврзници?
Да не е неточно дека правосудството е центар за дистрибуција на националното богатство, а не на правдата?
Да не не е точно дека Европа нè чека нас, а не ние Европа?
Да не не е точно дека сме спремни сите Европи да ги дадеме за потеклото на Гоце и царставото на Самоил?
И за тоа чија била Илинденската ѓурултија.
А уште не сме дошле на темата чие е вмро.
Бркањето на амбасадори е поомилен спорт во Македонија, отколку крикетот во Индија и рагбито на Фиџи.
Ало, Ерван, се слушаме ли?
Па и Бејли!
Се разбира дека можеше и требаше, господинот Коп да биде поселективен во утврдувањето на македонските одговорности.
Никакви дипломатски обѕири не го спречуваа да укаже на говњарите од вмро се специјални, специфични и посветени православни хамасовци кои упаѓаат и ги сјебуваат македонските договори со Европската унија, како што вистинскиот Хамас тоа го направи меѓу Израел и Саудиска Арабија.
И можеше малку поскромен да биде во однос на европските стандарди во правото кои во некои земји на Европската унија се нарушуваат пострашно отколку во Македонија.
Како во Македонија на стероиди.
Но со сите овие забелешки јас го поздравувам неговото обраќање како обид да се укаже на значењето на уставните промени.
И на другите реални промени што мора да се случат во Македонија.
Ако сакаме да нè биде.
Тоа е.
Ако ви е добро, тогаш ништо.
Можеме да го испратиме со истиот автомобил со кој ќе го дочекаме Груевски.
Кој кого заебава?
Така е, господине Коп, не ја Европа заебава Македонија, туку ние ја заебаваме Европа.
И се заебаваме себеси, се разбира. Парите ви ги сакаме, стандардите – не! Имаме бордер коли кое македонските овци или Македонците како овци ги води во друго трло. Вмро го викаме. Злосторничко здружение чија цел е убиство на Македонија со овердози македонизам и антиевропеизам. Европски Хамас. Тоа е како во Холандија да имате некој кој ќе сака да ве одведе во Газа. Холандска Газа. Ако правите евалуација имајте го тоа предвид. Не е убаво да страдаат невини луѓе!
Јас можам без Европа, затоа што поголемиот дел од животот го поминав како да сум во неа. А не ми останува многу. Коските ги оставив на тој пат кон Унијата по кој говњарите на македонската револуција против слободата секој миг копаат нови дупки.
Можеби треба да размислите за промена на парадигмата која локалните лудаци ќе ги дефакторизира: Прием во Европската унија со оверено членство: исполнување на сите стандарди со обилна техничка, административна, па и финансиска помош за осум години или шут у г’з.
Се извинувам за некои вулгарности, но не успеав да најдам соодветни финоќи, за да ги заменам, а да не го нарушам значењето што сакам да го кажам.
Поздрав.