ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерство за култура: Платите во културата пораснаа за 43 отсто за две години благодарение на Општиот и Колективниот договор

October 23, 2023 15:04
in ЕКОНОМИЈА, КУЛТУРА
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Сите вработени во културата, почнувајќи со исплатата за септември добиваат за 10 проценти повисоки плати како резултат на Општиот колективен договор за вработени во јавниот сектор постигнат оваа година.

Како што соопштуваат од Министерството за култура, платите во културата, од почетокот на бранот покачувања во 2021 година, заедно со најновото покачување од септември 2023, се поголеми за вкупно 43 проценти.

-Ваква динамика на покачувања на платите досега не е забележана во јавниот сектор во земјава, а до оваа драстична промена во полза на културните работници дојде со потпишувањето на Колективниот договор кој во претходните 15 години беше постојано најавуван, за конечно да се реализира во 2019 година, појаснуваат од Министерството.

Оттаму информираат дека договорот придонел за правичност во групирањето на работните места, за праведна валоризација на трудот на вработените, за остварување на правата на додатоци на плата, за спречување на злоупотребата на вработените во културата, за спречување селективност и фаворизација во утврдување на правата по работен однос и за регулирање на други релевантни прашања од работниот однос.

-Благодарение на Колективниот договор, од 2020 година платите во културата беа зголемувани во неколку наврати и тоа за 1,65 отсто во 2021, за 19,55 отстово 2022, за 12,55 проценти во 2023 во март. Нагласуваме дека спроведувањето на Заклучокот на Владата за покачување на основната плата во јавниот сектор за 10 проценти што важи за целата држава се остварува согласно Општиот колективен договор, се наведува во соопштението.

Начинот на утврдување на основната бруто-плата, како што велат од Министерството за култура, е дефиниран во Колективниот договор за култура, а со поединечните решенија за плата само се констатира износот, зголемен за 10 проценти во согласност со член 14 од Општиот колективен договор.

-За да биде попрегледно како растеа платите во културата од 2021 до септември 2023 година, најдобро се гледа од споредбата на податоците за неколку работни места и звања во дел од културните установи, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Договоркултураплати

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентите со нови тактики во трка со српската жандармерија, блокади низ цела Србија

July 4, 2025

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

July 4, 2025

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk