ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Револуција на стремежот за создавање на “Европска Македонија”!

October 23, 2023 11:12
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Во околности кога нашиот балкански менталитет често ги определува ставовите на нашите граѓани, „револуцијата“ која е неопходно да ја направиме е „револуција“ на нашите ставови, погледи, определби, предодредени од нашите животни приоритети!

На трибината насловена како НИЕ СМЕ ЕВРОПА, во Охрид, меѓу останатите, беше и словенечкиот амбасадор, г-динот Грегор Прескер.

Амбасадорот вложи доста напор, презентирајќи го сè она што го имаше подготвено за таа прилика, за да укаже на значењето и  придобивките од евроинтеграциските процеси и од самото членство во ЕУ! Притоа, изнесе низа аргументи, преку презентирање на статистички податоци, за напредокот кој што Словенија го постигнала, благодарение на процесот на пристапување кон ЕУ, и придобивките од самото членство во ЕУ. Нагласи, дека во пристапниот процес морале да прават и несакани компромиси!

Дека во меѓународните односи единствено преку политиките на компромиси е можно да се реализираат клучните национални интереси на државите. Дека патот на остварување на клучните претпоставки за обезбедување на просперитетна држава мора да се изоди преку правење на нужни компромиси. Но, бенефитот за државата и граѓаните, од успешното завршување на евроинтеграциските процеси, ќе значи и реализација на стремежите кои значат создавање на држава со стандарди кои ќе обезбедуваат достоинствен живот во секоја смисла. Создавање на држава која ќе ги надмине сите оние системски слабости кои во моментов се причина за незадоволство кај голем дел од нашите граѓани. После завршената трибина ја имав честа и задоволството со ценетиот Амбасадор на кратко да поразговараме, при што ја изнесов благодарноста за неговиот ангажман во насока на поддршка на напорите кои се прават во овие клучни историски моменти за успех на евроинтеграциските процеси.

Мислам дека имаме огромен проблем со перцепцијата во јавноста за значењето на сè она што е направено. И на сè она што се прави во насока на успех на евроинтеграциските процеси од страна на Владата, т.е. од страна на владејачкото мнозинство. Во минативе седум години, Зоран Заев, со своето визионерство и храброст, направи револуционерни исчекори во правец на наше интегрирање во западните безбедносни и економски сојузи. Премиерот Димитар Ковачевски храбро и бескомпромисно го продолжува одот по патот кон наше евроинтегрирање. Патот на имплементирање на сите оние претпоставки кои ќе значат надминување на сите оние системски слабости кои сега се причина за незадоволство кај граѓаните. Оваа власт, овој Премиер, не се поведуваат од популизам, не градат рејтинзи на националистички наративи! Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ е извонреден човек, кој со својот однос кон општествените процеси, со своето учество во креирање на политики во Политичка Партија која своето политичко опстојување и делување не го заснова на етноцентризам и не го врзува со една нација, туку го отсликува мултиетничкиот карактер на државата, е вистинска Револуција на нашиот дух, култура и вредности кои носат прогрес и развој!

Морам да се осврнам на неодговорниот однос на медиумите по однос на овие состојби. При тоа, за да не бидам погрешно разбран, ќе се обидам да разграничиме некој работи. Медиумите треба да бидат критички  опсерватори на секоја власт и на секое владеење. Посебно на авторитарно владеење кое секогаш ги ограничува прво медиумите во нивната слобода во критичките опсервации. Нивниот сегашен однос кон слободата која ја стекнаа е парадоксален. Со својот однос кон општествените процеси (евроинтеграциите) продуцираат амбиент на рушење на постоечките придобивки од сегашното демократско владеење. Состојби кои значат придобивка за медиумите, во смисла на слобода на произнесување по сите прашања. Па и критички осврт, кој е пожелен и неопходен за коригирање на општествените девијации. Меѓутоа истите тие медиуми забораваат, намерно или ненамерно дека не така одамна имаа драстично поинакви околности. Околности кои продуцираат страв и немање на слобода за критичка опсервација на едно авторитарно владеење.

Историскиот моментум пред кој сме исправени бара „Револуција“ на прогресивната мисла, револуција на ставање на пиедестал на оние вредности кои ќе значат наш напредок во секоја смисла. Револуција која конечно ќе не изнесе од Балканското мочуриште и маѓепсаниот круг во кој се вртиме минативе триесеттина години, заведени од илузиите кој не држат во истото тоа мочуриште. Илузии кои единствено се во прилог на оние ретроградни сили кои и сега се обидуваат реалноста да ја изместат од видокругот на граѓаните. Повторно, наместо прогрес и интеграција, ретроградните сили ни нудат враќање назад во бесперспективноста на балканското мочуриште.

Нека Револуцијата на прогресивниот дух, биде носечка сила која ќе ја определи нашата иднина!


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk