ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Во време на дезинформации и поларизирачки наративи, во јавноста тешко пробиваат теми поврзани со демократските вредности

October 30, 2023 15:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
„Прашањата на довербата во институциите и довербата во медиумите се многу тесно поврзани. Во подигнување на севкупните стандарди во општеството, не само во поглед на борбата со дезинформациите, ние мора да бидеме заедно. Некои битки се заеднички за целото општество и затоа мора да имаме широк општествен консензус за теми кои не засегаат сите и кои го допираат секој граѓанин“- изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панел дискусијата организирана од Институтот за медиуми и аналитика, во чии рамки беше промовирана публикацијата: „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“.

Вицепремиерката во своето обраќање истакна дека со оглед на политичкиот и медиумскиот пејсаж во земјава, кој е обременет со поларизирачки наративи, во јавноста тешко пробиваат теми поврзани со демократските вредности и со потребата од јакнење т.н. меки вештини, а кои се клучни за да се подобрат човечките капацитети во институциите. Токму отсуството на свест за штетноста на неодговорното, непрофесионалното и незаконско однесување е една од причините за високата толеранција кон корупцијата во општеството, изјави Грковска, додавајќи дека паралелно со реформите на полето на владеење на правото, мора континуирано да се работи на менување на светогледот.

„Имаме добра стратешка насоченост на реформите, а пристапувањето кон ЕУ е носечката сила за да ги спроведеме. И секој што останува слеп на тој факт, сметам дека не може да се нарече патриот и дека и мисли добро на својата земја. Реално е да има сили во општеството кои сакаат да остане статус кво ситуација, затоа што тоа одговара на нивните интереси. Но реална е и можноста да се издигнеме над тоа и да ги забрзаме подобрувањата во секојдневието“, изјави вицепремиерката Грковска и истакна дека на европското партнерство не треба да се гледа како на камшик кој нѐ тера со сила напред, туку како на водич кон посредена и пофикасна држава во поглед на испораката на квалитетни услуги на граѓаните.

На настанот организиран од Институтот за медиуми и аналитика се обрати амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман, а на панелот, модериран од Петрит Сарачини, покрај вицепремиерката Грковска, учествуваа и директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка Александар Кржаловски, директорката на Институтот за општествени и хуманистички науки Катерина Колозова и раководителот на истражувања во ИМА Жарко Трајаноски.
Next Post

ОЈО ГОКК: Со „Синџир“ опфатени 26 физички и 28 правни лица

НАЈНОВО

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk