Шеесет лица се уапсени откако толпа упадна на аеродромот во главниот град на руската кавкаска република Дагестан, Махачкала барајќи Евреи и извикувајќи антисемиски пароли.
Идентификувани се повеќе од 150 активни учесници во немирите, од кои 60 се уапсени, се наведува во соопштението на русото Министерството за внатрешни работи.
Израел ги повика руските власти да ги заштитат израелските граѓани по вчерашниот инцидент на аеродромот во Дагестан.
Антисемитска толпа синоќа упадна на аеродромот во Махачкала, откако таму слета авион од Тел Авив. Според медиумите, оние кои упаднале на аеродромот извикувале антисемитски слогани и вееле палестински знамиња.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето извикуваат „Алаху Акбар“. Поради инцидентот, аеродромот беше привремено затворен, а летовите што пристигнуваа беа пренасочени кон други аеродроми.
Дагестан е главно муслиманска руска република во Северен Кавказ, дом на околу 3,1 милиони луѓе на западниот брег на Касписко Море.