Повеќе од 20.000 повредени луѓе сè уште се во Појасот Газа, објави организацијата Лекари без граници.
– Повеќе од 20.000 повредени луѓе остануваат во Газа, со ограничен пристап до здравствена заштита поради опсадата и постојаното бомбардирање од страна на израелската армија, се наведува во соопштението на хуманитарната организација со седиште во Женева.
Лекраи без граници наведе и дека 22 нејзини странски вработени можат да ја напуштат Газа преку граничниот премин Рафах.
– Оние кои сакаат да ја напуштат Газа мора да им биде дозволено да го сторат тоа без дополнително одлагање и без предрасуди за нивното право да се вратат во Газа подоцна, се наведува во соопштението, во кое се апелира и на „итен прекин на огнот“.
Неименуван египетски владин претставник изјави дека Појасот Газа за време на вчерашната прва операција за евакуација, 76 повредени Палестинци и 335 странци и луѓе со двојно државјанство успеале да ја напуштат Газа.