Ова е недозволиво за едно демократско општество и газење на правото на говор и слободна мисла. Исмет Рамадани не користеше никаков говор на омраза за да се избрка од студио и да се прекине емисијата. Тоа што го критикуваше Канал 5 и тоа што зборуваше не му одговараше на Мирчевски е друга работа. Впрочем и ЕКРИ (Европската комисијата против расизмот и нетолеранцијата) посочи нешто слично за Канал 5, во извештајот пред еден месец, напиша Рубин Земон од Центарот за истражувања на својот Фејсбук профил.
Така е кога насекаде имаме недообразовани уредници и новинари…!
АААВМУ треба веднаш да реагира, и ако газдата на Канал 5 не го промени директорот, да му се одземе лиценцата. Национален медиум не смее да промовира ваков волунтеризам на директор на медиум!
Не се согласувам со тоа што го говориш, но до смрт ќе го бранам твоето право слободно да се изјасниш“ (Волтер)
Оваа цивилизациска вредност е искажана во 18. век, како една од главните постулати за градење на републиканизмот и демократското општество.
Извор: Цивил Медиа