Кина се согласи за разговори за контрола на нуклеарното вооружување со САД следната недела, први по администрацијата на Обама, објави Волстрит журнал.
Разговорите треба да бидат насочени кон избегнување на опасната тројна трка во вооружување меѓу САД, Кина и Русија, но не претставуваат почеток на официјални преговори за ограничување на нуклеарното оружје, пишува американскиот весник.
Засега нема коментар од Стејт департментот.
Тимовите на американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг имаат начелен договор двајцата лидери да се сретнат во Сан Франциско во ноември, иако допрва треба да се договорат важни детали, изјави синоќа висок претставник на администрацијата на Бајден.