ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најмалку десет лица загинаа во невремето што го донесе бурата Кијаран во западна Европа

November 3, 2023 11:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
REUTERS/Peter Cziborra     TPX

REUTERS/Peter Cziborra TPX

Најмалку 10 лица загинаа откако мќната бура Кијаран го погоди северозападниот дел на Франција и југозападниот дел на Англија во текот на ноќта пред да се пресели во Холандија, Белгија, Германија, Франција и Италија, пренесува ДПА.

Кијаран предизвика еден смртен случај во Холандија кога дрво во југоисточниот град Венреј во близина на границата со Германија падна врз едно лице, соопшти полицијата.

Соборени дрвја предизвикаа повреди луѓе на неколку други места, меѓу кои и една жена во Хаг, соопшти полицијата. Велосипедистите беа погодени и од паѓање на гранки и дрвја.

Во Франција две лица загинаа, а 15 се повредени, меѓу кои седум пожарникари, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Возач на камион загинал кога удрил во паднато дрво.

Во Авр, еден човек беше фатен во налет на ветер додека ги затворал ролетните и бил смртно повреден.

Околу 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, а стотици илјади беа исклучени од мобилната телефонска мрежа.

Ветровите во некои региони достигнаа брзина и до 200 километри на час.

Паднатите дрвја ги блокираа патиштата и железничките линии. Направена е значителна материјална штета.

Поради невремето откажани се стотици летови. Возовите до и од Париз, исто така, не сообраќаа и превозот беше сериозно погоден.

Силни ветрови вчера дуваа и низ планините Харц во централна Германија, каде една жена загина откако беше погодена од дрво што падна, според локалната противпожарна бригада во градот Гослар.  46-годишната жена од Баварија планинарела со сопругот и двете мали деца на 600-метарската планина Рамелсберг кај Гослар кога била погодена.

Невремето, исто така, урна далноводи и доведе до делумно затворање на два автопати во планината Харц, според противпожарната бригада.

Во италијанскиот централен регион Тоскана, најмалку три лица загинаа откако метеоролошките предупредувања беа поставени на поголемиот дел од територијата на земјата.

Претседателот на Тоскана Еугенио Џани изјави дека две лица загинале во општина Монтемурло, околу 25 километри северо-западно од Фиренца, каде што се излеала река. Трето лице загина во Росињано на брегот на Тоскана.

„Никогаш не сме регистрирале толкав дожд за само неколку минути“, напиша рано изутринава Џиани на платформата на социјалната мрежа X.

Се прогнозира дека дождот и силните ветрови ќе се движат кон јужните региони на Италија, соопшти агенцијата за цивилна заштита на земјата.

Кијаран синоќа ги погоди и Британија, Белгија и Холандија, при што стотици летови беа откажани.

Голем дел од северниот германски брег вчера беше под предупредување за невреме пред очекуваното пристигнување на Кијаран, според Германската метеоролошка служба (DWD).

Бурата се движеше од Ла Манш преку Англија кон Северното Море.

Северноморскиот крајбрежен регион Источна Фризија и северноморскиот остров Хелголанд се особено загрозени од невремето, според DWD.

На Балтичкото Море се очекува во најголем дел да продолжи силниот ветер, но се предвидуваат посилни налети од Фленсбург до Фемарн и островот Риген.

Ветерот се очекува да се намали во текот на викендот, но ќе се задржи невремето и врнежите.

Tags: бураевропаКијаран
Next Post
Фото: Carol Guzy/Zumapress/picture alliance

Кое е точното значење на терминот геноцид?

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk