ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пачешкоски: Немаше кој да го пречека Мицкоски во Прилеп, членовите на ВМРО-ДПМНЕ му свртија грб на партискиот лидер

November 6, 2023 14:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во саботата прилепчани му покажаа „црвен картон“ на Христијан Мицкоски и со тоа ја растераа маглата околу неговата наводна „популарност“ на фингираните анкети. Не само што присуството на Мицкоски не предизвика никаков интерес меѓу граѓаните, туку неговата посета на Прилеп ја бојкотираа и членовите на Општинскиот комитет на ДПМНЕ. И покрај притисоците врз членството, претседателот на ДПМНЕ беше пречекан од едвај педесетина негови сопартијци“, истакна на прес-конференција претседателот на ОО на СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.

Тој нагласи дека „таквиот очаен одзив не е случаен, туку е резултат на расколот во прилепскиот огранок на ДПМНЕ, како и на разочараноста од политичкиот капацитет на нивниот лидер Христијан Мицкоски“.

Истовремено, рече Пачешкоски, членовите на ДПМНЕ ги думаат лагите кои Мицкоски им ги кажува при секое негово доаѓање во Прилеп.

„Така, прилепчани се сеќаваат на неговата изјава дадена при првата негова посета на Прилеп непосредно после локалните избори, кога рече дека градоначалникот Борче Јовчески само што не ја започнал „големата градежна офанзива“. Која, како што знаат нашите сограѓани, никогаш не се случи.

Неколку месеци подоцна, за време на втората посета, Мицкоски рече дека е прашање на денот кога детската градинка во Точила ќе ги отвори вратите за 250 деца од претшколска возраст. Фактите велат дека градинката сеуште не е ставена во функција, а Мицкоски по втор пат ги излажа прилепчани.

Конечно, третата и засега последна лага ја кажа пред два дена, кога на својот фејсбук профил напиша дека со пуштањето на Скада системот, се решавал деценискиот проблем на прилепчани со водоснабдувањето.

Господине Мицкоски, твоите прилепски сопартијци те лажат тебе, а ти ја лажеш целата јавност! Како претседател на партија, срамота е да не знаеш дека проблемот со водоснабдувањето на Прилеп беше решен со добивањето на грантот од германската КФВ банка во висина од 9 милиони евра. Тоа, господине Мицкоски, се случи пред 20 години, во време кога локалната власт во Прилеп беше предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Почитуван Мицкоски, ако ништо повеќе, од вашиот почесен претседател Груевски можевте да научите две работи: дека на лагата и’ се кратки нозете и дека вистината е како шило – кога тогаш ќе излезе на површина.

За жал, во шесте години поминати на чело на ДПМНЕ, не сте го научиле дури ни тоа. И затоа немојте да се чудите и да се прашувате зошто прилепчани не ве сакаат!“, истакна Пачешкоски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиПрилеп
Next Post

Лога: Лазар Нанев разрешен од Советот за ИКТ, Судскиот совет да отвори постапка за утврдување одговорност

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk