ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Речиси 1200 домаќинства ќе добијат субвенции за поставените сончеви колектори во своите домови

November 6, 2023 15:40
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Photo by Ulleo on Pixabay

Photo by Ulleo on Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 1200 домаќинства ќе добијат на своите сметки субвенции за сончевите термални колекторски системи кои ги поставија во своите домови. Министерството за економија го објави списокот на оние кои ги исполнија бараните услови по огласот распишан при крајот на април за субвенционирање на дел од трошоците за поставување соларни колектори во домаќинствата.

Со цел поголема примена на мерки за енергетска ефикасност и поголема искористеност на сонцето, Министерството за економија повеќе години наназад, секоја пролет распишува огласи за субвенционирање на домаќинствата, односно покривање на дел од трошоците кои ги имале за мерките применети во нивните домови.
Според огласот, оние кои поставиле системи за топла вода во своите домови во периодот од 20 април до крајот на јули, можеше да се конкурира за поврат на најмногу 30% од трошоците, но не повеќе од 15.000 денари за набавка на колектор, резервоар за топла вода и потребна инсталација, под услов да не биле претходно корисници на субвенции од Буџетот на РСМ.

Принципот за доделување субвенции беше „прв дојден- прв услужен“. Според расположливите средства на Министерството за оваа намена, субвенции добиваат 1195 домаќинства.

Останува Министерството за економија да ги објави и листите на добитниците на субвенции по другите три огласа распишани во исто време – за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминијумски прозорци, потоа за инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, како и за изработена проектна документација или извршен приклучок на систем за дистрибуција на природен гас.

За замена на старите прозорци субвенцијата изнесува до 50% од трошоците, но не повеќе од 20.000 денари, за инсталирани фотонапски централи – до 30% од трошоците, но не повеќе од 80.000 денари, а за мерки за приклучување на дистрибутивната мрежа за природен гас субвенцијата е до 70% од трошоците, но не повеќе од 25.000 денари.
Иако огласите предвидуваа списоците на добитниците на субвенции да бидат објавени најдоцна до 30 септември, од Министерството велат дека рокот не е запазен од причина што е дојден многу голем број на барања за секој од четирите огласи кои Комисиите требаше да ги обработат.

Преземено: Градска Редакција

Next Post

Затворената иранска нобеловка Наргес Мохамади почна штрајк со глад

НАЈНОВО

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025
Скриншот

Нападот во воз кон Лондон: Персоналот кој се обидел да го спречи напаѓачот во животно загрозувачка состојба

November 3, 2025

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk