Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека освоиле и обезбедиле „воено упориште на Хамас“ во Појасот Газа.
„Трупите на ИДФ обезбедија воено упориште што и припаѓа на терористичката организација Хамас во северниот дел на Појасот Газа“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека внатре во него биле пронајдени противтенковски ракети, рачни фрлачи, друго оружје и разни разузнавачки материјали.
Покрај тоа, борбен авион погодил терористичка ќелија на Хамас во која имало 10 борци, а поморските сили погодиле „стратешки цели… вклучително и позиции што содржат технолошки средства“.
„Единиците на ИДФ лоцираа и голем број терористи на Хамас кои се забарикадираа во зграда во близина на болницата ал- Кудс и планираа да извршат напад врз нашите тамошни сили “, се наведува во соопштението. Оттаму додаваат дека потоа во тој реон бил извршен воздушен напад што доведе до „значителни секундарни експлозии што укажуваат на присуството на складиште за оружје на Хамас во цивилна област“.