Со кратката забелешка на Бенјамин Нетанјаху за ABC News дека Израел „ќе има севкупна одговорност за безбедноста“ во Газа на „неопределен период“ по завршувањето на војната, е прв пат израелскиот премиер јавно да се изјасни за неговите долгорочни планови, пишува репортерот на Би-Би-Си, Пол Адамс.
Тоа доаѓа во време кога почнуваат да се поставуваат прашања за тоа што ќе се случи кога – или можеби ако – Израел ја постигне својата наведена цел да го искорени Хамас во Газа.
Амир Тибон, пишувајќи во Ha’aretz – весник кој жестоко ја критикува владата на Нетанјаху, известува дека американските власти се загрижени поради недостатокот на стратегија за излез.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен ги прашал членовите на владата за тоа за време на неговата последна посета, пишува Тибон, но добил впечаток дека „работата едвај дојде на дискусија“.
Изгледа очигледно на краток рок, израелската војска повторно ќе го контролира Појасот Газа, 18 години по нивното повлекување.
Но, освен поекстремните десничарски елементи на владата на Нетанјаху – кои би сакале да видат еврејски доселеници повторно да живеат во Појасот Газа, во Израел има мали желби за трајно враќање во место кое, според гледиштето од повеќето луѓе, не претставуваше ништо друго освен неволја.
Кој на крајот ќе ја управува Газа на долг рок – палестинските власти, ОН, арапските мировници – во моментов, секој може да претпостави, пишува Пол Адамс.
Подготви: Ј. Ѓ.