Продолжувањето на европскиот пат на државата е каменот на сопнување во ВМРО-ДПМНЕ, а уставните измени се темата на која произлегуваат несогласувањата помеѓу дел од партијата кои се за евроатлантските интеграции на земјава и делот кои се за блокирање.
Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски уставните измени се завршена работа и тие нема да се случат, но професорот на Правниот факултет и член на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски очигледно не се согласува со тоа.
Во гостувањето на „Клик плус“ на ТВ21, Спасеновски рече дека уставните измени се обврска која нема да заврши со мандатот на актуелниот пратенички состав, туку таа обврска ќе биде и за идната влада.
Тој вели дека оваа обврска е тесно поврзана со процесот на евроинтеграциите и е реалност без разлика дали не кој тоа му се допаѓа или не.
„На таквата реалност ќе мора да се прилагодат политичките лидери и партии“ рече Спасеновски во „Клик плус“ на ТВ21.