Во пресрет на натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Милан и ПСЖ што треба да се одржи денеска, како што јавуваат италијанските медиуми, синоќа избил голем навивачки конфликт на улиците на Милано.
Во текот на ноќта педесетина ултраси на Милан ги нападнале навивачите на ПСЖ. Полицијата и карабинерите брзо пристигнале на местото на конфликтот.
Curva Sud Milano attacked PSG in Milan last night 💥 pic.twitter.com/BkvyCH0vDT
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) November 7, 2023
Како што информираа од полициската управа на Милано, 34-годишен француски навивач е тешко повреден со две убодни рани и итно е пренесен во болница. Повредени се и двајца полицајци. Едниот се здобил со рана на ногата, другиот во главата, а според последните информации напаѓачот на вториот полицаец е уапсен.
Scontri a #Milano tra tifosi del #Milan e del #Psg la notte della vigilia della sfida di #ChampionsLeague #MilanPsg #Navigli pic.twitter.com/TjimsHXK6t
— La Bussola TV (@LaBussolaTV) November 7, 2023
Како што соопштуваат од полициската управа, полицијата синоќа морала да интервенира во кинеското предградие на Милано поради тепачка меѓу 15 членови на навивачите на ПСЖ и десет кинески државјани. Притоа, за среќа, избегнат е физички конфликт и се останало само на вербална пресметка.