Во изгорена куќа во кибуц Беери, израелски археолози трагаат по човечки останки, во надеж дека ќе ги идентификуваат жртвите кои се уште се водат за исчезнати месец дена по смртоносниот напад на Хамас, пренесува Ројтерс.
Беери е една од најтешко погодените заедници од вооружените лица на Хамас кои упаднаа низ границата меѓу Израел и Газа на 7 октомври убивајќи околу 1.400 луѓе и земајќи во заложништво 240 лица, според израелските податоци.
Во Беери, како и во соседните села Кфар Аза и Нир Оз, вооружените напаѓачи пукаа во семејствата кои се засолниле во нивните безбедни соби и ги запалиле куќите. Тие, исто така, запалија автомобили на музички фестивал каде загинаа 260 лица.
Спасувачките тимови пронајдоа изгорени тела на различни локации, но со бројни исчезнати лица, израелската војска пред две недели повика археолози од израелската управа за антиквитети (IAA) да помогнат во прецизната, деликатна потрага.
„Влеговме во изгорените куќи“, рече археологот Џо Узиел, „барајќи ги дури и најситните докази што би можеле да ни помогнат да ги идентификуваме лицата што исчезнале, било да се тоа лични предмети како накит и такви или остатоци од коски скршени од топлината“.
„Колку и да е тешко ова“, додаде тој, „исполнувачко е да се знае дека можеби можеме да донесеме некаква помош и завршница за овие семејства кои изгубија толку многу“.
Подготви: Марта Пешевска